Речиси секој работодавач е во потрага по работник кој нема само да се појавува на работа и механички да ги завршува обрските, туку ќе поседува и силни социјални, уште попознати, меки вештини.
А, ова се топ 5-те социјални вештини кои ги бара секој работодавач:
Емпатијата е многу важна вештина. За добро да можете да комуницирате со другите, многу е важно да ги разбирате нивните емоции. Емпатијата е особено важна кога се соочувате со клиенти кои доаѓаат кај вас да ги изразат своите проблеми и прашања. Емпатијата е токму таа која ви е најмногу потребна кога треба да се справите со проблемите и прашањата на клиентите и кога треба да изразите искрена загриженост за нивните проблеми.
Кооперацијата е посебно важна кога треба да работите во тим. Морате да бидете способни да соработувате со другите за да ги постигнете заедничките цели. Дури и кога не работите во тим, доста е важно да бидете соработливи и отворени за комуникација.
Вербалната комуникација е екстремно важна социјална вештина за вашето работно место. Морате да се изразите себеси на јасен јазик кој другите ќе можат да го разберат. Морате да бидете способни ефикасно да комуницирате со другите.
Покрај зборувањето, уште поважно е да умеете внимателно да слушате. Потребно е внимателно да слушате што има да каже вашиот работодавач, морате внимателно да ги слушате вашите колеги и вашите клиенти за навремено и ефикасно да ги извршувате вашите задачи.
Покрај вербалната комуникација, важно е да внимавате и како се изразувате на невербален план. Вашето тело, важите движења и изрази можат да откријат многу за вашите емоции и мисли. Внимавајте да движењето на телото, на контактот со очите, изразите на лицето и слично.