Способноста за адаптација на професионален план, во голема мера е поврзана со индивидуалната способност за успех во текот на кариерата.
Но, што е тоа кариерна адаптабилност?
Кратко кажано, кариерната адаптабилност е способноста на секоја индивидуа да се прилагоди на тековните и идните задачи, промени и предизвици во својата кариера. Дефиницијата не е специфична на одредена возраст или култура.
Истата во голема мера се поврзува со способноста да се достигне задоволство од кариерата без оглед на тоа во каква ситуација се наоѓа индивидуата. Тоа значи дека успева да се соочи со стресот и да доживува повеќе позитивни резултати на професионален план.
Способноста за адаптација на професионален план се состои од неколку компоненти, вклучувајќи ги нивото на контрола над работите, љубопитноста и самодовербата. Да бидете способни да се адаптирате значи да бидете фокусирани на работите кои сакате да ги постигнете.
Поточно кажано, луѓето кои полесно се адаптираат на професионално ниво, вообичаено размислуваат однапред за иднината, креираат планови за истата и си поставуваат цели за достигнување.
Како можете да ја развиете сопствената адаптабилност?
Од компонентите на оваа способност, јасно е дека, доколку сакате да станете поадаптабилни на професионално ниво, мора да одредите што е тоа што сакате да го постигнете и да си поставите конкретни цели за достигнување.
По јасно одредените цели и фокусирањето, следи градењето на лична самодоверба.
„Дали способноста за адаптација ми гарантира работно место“?
Реалноста е дека адаптабилноста сама по себе не може да Ви гарантира сигурно работно место, но она што може да ви го гарантира се неколку работи: