Зошто секоја компанија која има потреба од екстра сезонски и времени работници треба да ја користи услугата на агенциите за времени вработувања?
Денес владее глобализација на индустријата. Време на приватна сопственост, на слободен пазар и пазарна конкуренција. Време кога работата молскавично брзо се менува од ден во ден.
Тоа бара флексибилно работење како на компаниите, така и на работниците. Со човечкиот капитал повеќе не може да се раководи онака како што сме навикнати да раководиме од пред 20-ина години.
Тука во функција влегува работата на агенциите за времени вработувања и за посредување при вработување.
Во случај да се прашувате: „Што е тоа агенција за времени вработувања?“
Агенциите за вработување, посредување при вработување и привремено вработување ги поврзуваат компаниите кои имаат потреба од привремени работници со соодветен кадар зависно побарувачката.
Слободно може да се каже дека улогата на агенциите за привремено вработување е да бидат посредници на пазарот на трудот, помеѓу клиентот работодавач и клиентот работник.
Со други зборови, ако ви се потребни работници само за извршување на одреден проект, на вршење попис, замена на привремено отсутен работник, сезонска работа или извршување на било каква одредена привремена работна задача, тука од помош ќе ви биде агенцијата за посредување и времено вработување.
Вообичаено, агенциите се приватни правни лица кои нудат разни услуги од посредување при вработување, времено вработување, консултантски услуги од областа на човечките ресурси до процена и развој на кадрите кои се веќе дел од вашата компанија.
Еве како функционираат работите согласно законот на Република Македонија:
„Привремени вработувања за вршење на привремени работи кај друг работодавач, може да врши приватна агенција за привремени вработувања со наплата на надоместок.“
Вие како компанија или раководно лице може да имате потреба од работник „за вршење на привремени работи во случај на:
Во тој случај, може да ви помогне агенцијата за привремени вработувања.
Како?
Агенцијата е таа која ви отстапува работник согласно вашите потреби односно, тогаш кога имате потреба да ангажирате привремен работник.
Агенцијата ја врши „здодевната бирократска работа“ наместо вас.
Вие како клиент компанија сè што треба да направите е да дефинирате каков тип на работа треба да се врши, кои се главните улоги и вештини кои ви се потребни од привремениот работник односно, кое е работното место кое треба да се пополни, колкава плата планирате да овозможите за работникот и кои се работните часови, а на компанијата за посредување и времено вработување остануваат останатите задачи.
Се објавува оглас; работникот веднаш се пријавува; целокупната административна работа е одговорност на агенцијата, од изготвување на боледувања, годишни одмори, до плати, пријави и одјави во Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Кои се придобивките за компаниите?
Без многу мака и во најбрз можен рок можете да најдете работник кој ќе ви помогне кога вашите постојани работници се преплавени со работни обврски, кога ве чека сезонска работа и слично.
Добивате работник кој се согласува да работи во флексибилно работно време, но во согласност со позитивните законски прописи кои ја регулираат материјата на работниот однос.
Неколку работи кои треба да ги имате на ум
Агенцијата за вработување е таа која склучува договор до работникот и потоа ви го отстапува вам како на работодавач корисник.
Платата на отстапениот работник не може да биде помала од платата на работник кај работодавачот корисник на исти работи.
Вие како работодавач – корисник сте одговорни за заштитата при работа на отстапениот работник.
Подготвени за организирање на сопствениот бизнис? Контактирајте нè.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
office@esi.mk, www.esi.mk