На тренингот и развојот на вработените можете да гледате како на долгорочна инвестиција не само лично за нив, туку и за развој и напредување на компанијата. Со развојот на новата технологија се јави потребата секој вработен постојано да мора да ги надградува своите вештини и способности.
Токму затоа, тренинзите и обуките никогаш не се доволни.
5 причини зошто треба да вложите во постојани тренинг и обука на вработените:
Звучи сосема логично, нели? Секое подобрување на вештините и способностите на вработените значи и подобрување на перформансот на вработените, а со тоа и напредок на компанијата.
Редовните тренинг програми влеваат поголема самодоверба на вработените, бидејќи ги подобруваат своите вештини и стекнуваат нови знаења, овозможуваат секој вработен подобро да ја разбере индустријата во која работи, целта на бизнисот и какви одговорности има.
Ако вашата компанија се состои од повеќе комплетно различни оддели, важно е да креирате атмосфера на соработка меѓу секој оддел, бидејќи на тој начин ги поттикнувате вработените да функционираат како тим, дури и кога извршуваат комплетно разни задачи.
Ако вработените во вашата компанија имаат јасна слика за целокупната работа на компанијата, полесно се вклопуваат во неа и подобро ги извршуваат целите на истата.
Сосема нормално е со текот на времето одредена мала бројка на работници да се менува и да имате нови „свежи“ лица во компанијата, но ако бројката е голема, тоа не треба да го потценувате и земате „здраво за готово“.
Поголемиот дел од работниците ценат кога имаат можност да учат нови работи, да ги надградуваат своите знаења и вештини и лично да напредуваат на професионален план.
Од таа причина, секогаш е добро да имате план за раст и развој на вработените и на компанијата.
Поголемиот ангажман на вработените (не се мисли на преоптеретување со работни обврски, туку чувство на ангажираност на вработените) води и до поголема заинтересираност и инволвираност на вработените во желбата и посветеноста за извршување на секојдневните задачи и општите цели на компанијата.
Редовните тренинзи и обуки овозможуваат вашите вработени постојано да бидат инволвирани и напред со времето, а тоа е идеален начин да се најдете пред натпреварувачките компании.