„ЕСИ Кадровски Услуги“ работи со лиценца за посредување при вработување во земјата и во странство издадена од Министерството за труд и социјална политика.
Друштвото за интелектуални услуги ЕСИ СОЛУШН, e ново основано претпријатие и ќе се занимава со медиумски решенија, односно огласување и презентација за сите потребни кадровски услуги. За да биде комплетна во понудените решенија, ова претпријатие ќе биде во континуирана соработка со ЕСИ Времено Вработување и ЕСИ Кадровски Услуги, преку кои, компаниите ќе добијат максимум резултати со минимум инвестиција во раководењето на човечките ресурси.
Агенцијата гарантира дека е компетентен и доверлив партнер во секоја фаза од извршувањето на услугите за времено вработување, посредување при вработување како и во останатиот спектар на кадровски услуги. ЕСИ е член на Федерацијата на агенции за привремени вработувања на Македонија.
Примарна работа е привремено вработување и посредувањето при вработување во земјата и странство, а дејноста на ЕСИ се вбројува меѓу деловните гранки со најбрз раст во Европа. Наша должност е да наоѓаме компетентен персонал кој им е потребен на другите компании доверливо и без компликации.
Го следиме партнерскиот пристап: Наши партнери се и компаниите и луѓето кои бараат работа. За друштвата кои тежнеат кон зголемување на својата конкурентност нудиме решенија скроени по мерка. Развојот на кандидатите и на вработените е поддржан од нашите кадри и советници.
Ние ја обликуваме иднината на трудот. Флексибилно и сигурно го придвижуваме и градиме пазарот на трудот во Македонија. Низ иновативни и сеопфатни услуги создаваме одржлива корист за сите учесници.