Со оваа услуга ви овозможуваме да ангажирате работници само во периодите кога вашата компанија има потреба: зголемен обем на работа, сезонски работи, пробен период на вработување и слично. Привремено вработените лица потпишуваат договор со ЕСИ агенцијата за вработување, а се отстапуваат на вас како работодавач – корисник.
Вие како компанија корисник потребно е само да ги дефинирате описот на работното место, работните часови и износот на платата, а останатото оставете го на нас. Кои се вашите придобивки и заштеди од користење на услугата за времено вработување?
*За својата услуга агенцијата наплатува процент на бруто платите на ангажираните работници, а ДДВ се наплаќа само на агенциската провизија.
Посредување при вработување е услуга преку која можете на најефикасен начин да дојдете до квалитетен кадар за потребите на вашиот бизнис. Преку оваа услуга од нас добивате целокупно водење на процесот на регрутација и селекција на нови вработени во склад со вашите потреби. Предноста на користење на овој вид услуга е вашата заштеда на време и трошоци, лесна достапност до високо квалификувани кандидати и олеснување во процесот на координацијата при избор на кандидатите.
Процедурата на избор и селекција на кандидати се одвива во следните чекори :
Идејата зад креирање на оваа услуга е да овозможиме професионална поддршка на компаниите во креирање и водење на ефикасни самостојни тимови. Тимската работа е клучна за профитот на секој бизнис, но истата не е лесно да се креира и одржи. Со оглед на комплексноста на овој процес, услугите за тим менаџмент ви нудат поддршка во областа на:
Услугата се состои од обуки и искуства кои имаат цел да ги зголемат перформансите во наведените области. Обуките и искуствата се креираат според идентификуваните предизвици со кои се соочувате во вашата компанија. Секоја од нашите понуди претставува уникатно искуство кое не може да се повтори. Обуките и искуствата се реализираат групно, а нудиме и индивидуална поддршка за тим лидерите во форма на советување.
Голем дел од компаниите се соочуваат со стагнација во својот бизнис како резултат на недостатокот од стратегиски развој на капацитетите на вработените. Токму затоа започнавме да ја нудиме оваа специфична услуга која ќе ви овозможи да ги согледате потенцијалите на секој од вработените и истиот максимално да го искористите за развој на вашиот бизнис. Услугата се користи за:
Оваа услуга првенствено се фокусира на евалуација на вработените со помош на соодветни техники во контролирани услови. Процената ја вршиме со помош на инструменти за психолошка проценка, неформални инвентари и тестови и алатки за бихејвиорална процена. По процената добивате извештај за секој вработен со детален опис на капацитетите, насоки за искористување на потенцијалот и препораки за дополнителни обуки за развој во склад со плановите за развој на вашиот бизнис.
Со исцрпното искуство и тимот на професионалци со кои располага ЕСИ, ви нудиме и консултантски услуги во областа на менаџирањето со човечките ресурси. Услугите се скроени на вашите потреби и приоритети и имаат за цел да ве поддржат во справување со предизвиците во менаџирањето на најефикасен и најефективен начин. Поддршката која ја нудиме во раководењето со човечките ресурси ги вбројува следниве области: