ПАВ ЕСИ КАДРОВСКИ УСЛУГИ Скопје е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот ESI.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Оваа Политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница www.esi.mk (во понатамошниот текст ESI.mk или Портал) и/или користите некоја од нашите услуги преку истата.
Контролор/обработувач на личните податоци е Д ПАВ ЕСИ КАДРОВСКИ УСЛУГИ Скопје со седиште на ул. 29ти Ноември бр.62/1-1, Скопје, со ЕМБС 6231314 (во понатамошниот текст “Друштвото”). Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од важечкиот Закон за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Личните податоци ги собираме преку различни начини, вклучувајќи:
Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.
За време на посета на нашите интернет страни, платформата за секој корисник врши запис/лог со следни информации:
Сите записи (логови) се чуваат заради проучување на сигурносен или кориснички проблем.
Содржините кои Порталот ESI.mk ги објавува може да содржат врски (линкови) до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на овие трети веб страни и сервиси и Ве советуваме да се запознаете со содржината на нивните Политики за приватност.
Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:
Со користење на Порталот физичките лица и компаниите даваат изречна согласност на Друштвото за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при регистрација или најава за брза апликација и се достапни во нивните Кориснички Профили и/или преку објавување на CV, молба или било кој друг документ. Корисниците даваат согласност за контактирање преку електронски пат како дел од функционалностите на системот (отворени работни позиции, заборавена лозинка, системски пораки, известувања од Порталот итн.) преку кои не се врши продажба и не седиректен маркетинг. Корисниците овие опции може да ги исклучат самостојно или со допис до Друштвото.
Работодавачите кои се физички лица и Работобарателите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Друштвото за отповикување на согласноста и деактивирање и/или бришење на корисничката сметка.
Преку аплицирање на оглас или одбирање на опцијата “активно аплицирање“ и користење на Порталот со аплицирање на објавени огласи, Работобарателите даваат изречна согласност на сите Работодавачи на чиј оглас аплицирале, да можат да пристапат до нивните лични податоци наведени во Корисничкиот Профил, (кој покрај податоците од задолжителните полиња, по желба на Работобарателот да вклучува и други документи, како: лична биографија - CV, молбата за вработување и друго) и истите да ги обработуваат во постапката за избор на кандидат за пополнување на позицијата од огласот.
Работобарателите кои немаат Кориснички профил во одредени ситуации можат да аплицираат на одредени огласи на Порталот преку услугата Брза апликација. Со одбирање на опцијата “Брза апликација”, Корисникот дава изречна согласност на Работодавачот за пристап и обработка на сите негови лични податоци наведени во Најавата и приложените документи - CV-то, молбата за вработување и другите документи.
Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност од одредбите од Законот за заштита на лични податици се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за Работни места, како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со огласување и аплицирање на огласи за Работни места и не можат да се употребат за друга цел.
Употребата на податоците за било која друга цел (копирање, транскрипција, дистрибуција, итн.) без согласност на Друштвото и Работобарателите, односно Работодавачите (физичко лице) за масовна дистрибуција, промотивни пораки и слични работи е строго забрането. Друштвото ќе ги извести надлежните органи, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на Државното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на личните податоци.
Работодавачите се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработката на личните податоци и да ги преземаат сите технички и организациски мерки за заштита на тајноста и безбедноста на личните податоци на Работобарателите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и да ги користат личните податоци единствено за целите на селекција и избор на кандидати во врска со објавен оглас за работно место во согласност со применливите закони.
Друштвото не одговора за неовластено откривање или било каква незаконска обработка на личните податоци на Работобарателите од страна на Работодавачите и нема да биде одговорно за надомест на материјална и/или нематеријална штета што би можела да биде предизвикана.
Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на ESI.mk, преку објавување на огласи за Работни места од страна на Работодавачите, и складирање биографии и други кориснички податоци во базата на профилот, за нивна достапност, во согласност со избраните поставки од страна на Работобарателот за целите на аплицирање на објавен оглас на Порталот.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата Порталот, на трети лица, освен во следните случаи:
Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката – овозможување и давање на нашите услуги и извршување на склучени договори.
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
Корисникот во секое време има пристап до својот Кориснички Профил со својата лозинка и може да ги измени и исправи неточните или да ги дополни нецелосните лични податоци, да ги смени поставките за приватност, или да го деактивира Профилот.
При регистрацијата Корисникот самостојно ја поставува својата лозинка, која не смее да ја споделува со трети лица, и сноси целосна одговорност за тајноста на лозинката и користењето на Порталот по пат на податоците за пристап. Работобарателот може да го извести Друштвото доколку се посомнева на неовластена употреба на своите податоци за пристап.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци – Димитар Анастасовски, office@esi.mk
Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:
Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:
Ако сметате дека начинот на кој Друштвото ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.
Со пристапување и користењето на ESI.mk изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност. Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани. Ве молиме да ја посетувате Политиката за приватност и да се запознаете со нејзините промени и дополнувања.
Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивно случајно или незаконско уништување, губење, неовластено откривање или пристап, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти.
Адреса: 29ти Ноември бр.62/1-Центар, Скопје
E-маил: office@esi.mk
Телефон: 02 3246 899
Офицер за заштита на лични податоци: Димитар Анастасовски