Тимот на ЕСИ ви подготви интересен предизвик за месец јуни. Живописен календар со нови навики и активности кој ќе ви служи како потсетник и ќе ви помогне да се приземјите и да го најдете балансот. Со секојдневно вежбање на свесност полека но сигурно ќе научите како да ги менаџирате своите различни улоги на начин кој ќе резултира со хармонија помеѓу приватниот и професионалниот живот.
Како може да го користите?
* Збогатете го вашиот фрижидер со календарот на ЕСИ
* Изненадете ја колешката/колегата со урамен календар на бирото
* Подарете го на драга личност
* Користете го овој календар како почеток на разговор со вашите колеги. Споделете ги вашите искуства, совети и трикови за да поттикнете подржувачка и жива култура на работното место
Не заборавајте, свесноста е клучот до вашиот потенцијал.
„Кога ќе сфатите дека ништо не недостасува, целиот свет ви припаѓа вам.“ – Лао Це
Симнете си го календарот на следниов линк:
https://photos.app.goo.gl/YFDV2sTCe6sfHzHi8