Работодавачите велат дека не можат да најдат квалификуван кадар, а работниците пак, тврдат дека не можат да најдат соодветна работа. Во моментот на пазарот на трудот се нудат над 11.000 слободни работни места. Се бара кадар од секаков вид, од кројачи до рецепционери и од возачи до информатичари.
На кои градови во Македонија им се потребни најмногу работници
Гледано по градови, најмногу слободни работни места има во Скопје (5.582). Следни градови, се Битола (1777), Струмица (775), Виница (399) и Кочани (368).
Гледано по дејности, посебно се истакнуваат преработувачката индустрија и трговијата на големо и мало каде се отворени 3.759 и 3.359 работни места. По нив, доаѓаат објектите за сместување и сервисните дејности со храна (1.013), градежништвото (878) и транспортот и складирање (742).
Во моментот најбарани хигеничари
Најбарани занимања, односно професии со најголем број на слободни работни места, се: Хигиеничар на станбен и деловен простор (1.308), Продавач (968), Шивач (728), Работник за едноставни работни на производствена линија (723), Келнер (473), Општ работник (427), Магационер (377), Готвач (230), Шивач на текстил (220) и Возач на такси (216).
По нив, на листата на најбарани професии следат: Инспектор за контрола на квалитет, Комерцијалист, Возач на товарно возило, Градежен работник, Касиер, Ракувач на машина за пеглање на текстил, Возач на камион, Програмер, Администратор, Спојувач за електротехнички елементи, Пекар, Бравар, Обезбедувач (заштита на лица и имот) и Административен службеник, во значително помали бројки.
Најголеми шанси за вработување имаат високообразованите
Според степенот на неопходно образование, од статистичките анализи од 2017-та година, се открива дека до крајот на 2018-та година се очекуваат 12.6% (1.034) вработувања со високо образование, 6.6% (542) со завршено средно и вишо образование, 51.9% (4.263) со завршено средно образование и 28.9% (2.368) со основно образование.
Од оние со завршено високо образование, најбарани професии се: Програмер, Машински инженер, Градежен инженер, Економист, Доктори по општа медицина, Информатички инженер, Инженер за организација на работа, Економист за банкарство, Архитект, Инженер за компјутерски науки, Сметководител, Инженер за техничка сигурност, Инженер – металург за обработка на метал, Правник, Електроинженер – контролор, Менаџер за производство и продажба, Инженер – агроном, Фармацевт – технолог, Маркетинг агент, Информатичар, Графички дизајнер, Администратор на бази на податоци и др.
Со средно или вишо образование, најбарани професии се: Комерцијалист, Техничар за помош на корисници, Фармацевтски техничар, Електротехничар, Инструментален оптичар, Референт за продажба, Оператор на медицинско – скенерска опрема, Оператор за машинско одржување, Главен готвач, Медицинска сестра, Компјутерски техничар, Техничар – технолог, Електротехничар за инсталација и опрема, Машински техничар, Администратор, Книговодител, Сообраќаен техничар, Текстилен техничар и др.
Со средно образование, најбарани професии се: Шивач, Продавач, Шивач на текстил, Оператор на полуавтоматска машина, Градежен работник, Возач на камион, Келнер, Касиер, Обезбедувач (заштита на лица и имот), Бравар, Кројач, Заварувач, Готвач, Шанкер, Возач на автобус, Возач на такси, Пекар, Возач на товарно возило, Ракувач со градежни машини, Ѕидар, Столар, Возач на лесни доставни возила, Водител на машина, Електричар за одржување, Монтер на градежни елементи, Бармен, Помошен готвач, Автомеханичар, Месар, Магационер, Армирач, Фасадер и др.
Со завршено основно образование, најзастапени професии се: Општ работник, Хигиеничар на производствени – работни простории, Магационерски работник, Пеглач на алишта, Доставувач, Обиколувач, Дистрибутер (малопродажба), Земјоделски работник, Чевларски работник, Градинарски работник, Лозарски работник, Курир, Работник за едноставни работи во производство на текстил, Собарки, Работник на едноставни работи на производствена линија, Овоштарски работник, Полјоделски работник, Рачен пакувач, Тесарски работник и други.
Покрај најбараните професии, постојат и низа вештини кои мораат работобарателите да ги поседуваат за да најдат соодветна работа. Најмногу е нагласена потребата на познавање на странски јазици (англиски, германски, италијански), основни компјутерски апликации (MS Office) и посебни карактерни црти и личносни вештини како: комуникациски вештини, амбициозност, одговорност, доверливост и сл.