Поголемиот дел на кандидати кога аплицираат за одредена работа, аплицираат со помош на веќепостоечки темплејт на биографија, наместо да направат свое идеално резиме. Некои од тие темплејти се доволно добри за да добиете одлична работа и да ги прикажете вашите вештини пред работодавачите.
Но, не е таков случајот буквално со секој темплејт за пишување биографија.
Кога барате нешто добро во темплејт за биографија, без разлика дали сакате да аплицирате за одредена работа или барате потенцијален кандидат за вработување, треба да проверите дали ги има некои од слендиве карактеристики:
Не постои такво нешто како совршено резиме. Било кој може да преземе одреден темплејт на биографија и да ја насочи кон своите потреби.
Важно е ако сте во потрага по работа да го адаптирате темплејтот на вашите потреби, а ако сте потенцијален работодавач да забележите колку и дали темплејтот кој бил искористен и ви е познат, бил изменет од оригиналот.
По правило, резимињата знаат да бидат прилично едноставни. Повеќето се напишани со фонт со големина 12, со Times New Roman или Calibri. Но, резимето кое има барем малку „живост“ во себе има поголема веројатност да биде забележано од регрутерите и да им го привлече вниманието.
Според истражувањата, регрутерите вообичаено трошат само 6 секунди за брзо прегледување на биографиите и одвојување во посебни папки на „да“, „не“ или „можеби“ од сите кандидати кои аплицирале.
Токму затоа, најдобро е да направите одреден систем по кое вашето резиме ќе се издвојува од повеќето кои сте ги виделе. Тоа можете да го постигнете на пример со: уникатни потточки, интересен дизајн (посебно ако од вас се бара да бидете креативни на работното место) и слично.
Не мора секогаш да се држите до стандардните правила на нагласување на образованието, работното искуство, па способностите. Најдобро е да го нагласите оној дел кој сметате дека е ваша најсилна страна.