Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Нашиот тим брои повеќе од 320.000 колеги во 80 земји ширум светот со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work®. Во новото претставништво во Скопје, тимот е составен од над 300 мотивирани колеги кои работат на различни глобални проекти во областа на обезбедување на корисничка поддршка. Во моментов, го прошируваме тимот на работната позиција:
АГЕНТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА (ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК)
- Поддршка и советување на клиенти одговарајќи на нивните прашања преку телефон
- Информирање и советување за производи и услуги
- Одговарање на повици и е-пошта од клиенти
- Јасно идентификување на проблемите на корисниците и нудење на прифатливи решенија
- Извршување и документирање на сите активности и процеси во софтвер
- Напредно зборување и пишување на германски јазик (минимум Б2 или повисоко ниво)
- Добро познавање на англиски јазик (минимум Б1 или повисоко ниво)
- Способност за работа на компјутер и смартфон
- Желба за комуникација преку телефон
- Работа во компанија базирана на германски стандарди и интернационални можности
- Професионална обука и постојан развој
- Плата повисока од конкурентната плата на пазарот за позицијата
- Канцеларии во високотехнолошки модерен објект во центарот на Скопје
- Локација: Скопје или работа од дома
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата професионална биографија на recruitment@tpskopje.com или аплицирајте директно со притискање на копчето ,,АПЛИЦИРАЈ''!
Teleperformance Skopje
Ул. Васил Ѓоргов 11
1000 Скопје