ДБ Шенкер Македонија (централа) вработува
ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.
Работно место: Референт за организација на океански транспорт
Вашите задачи:
- Комплетна организација на океански транспорт – од давање на понуда, преку координирање и комуникација со субјектите поврзани во транспортот, до издавање на фактура
- Активна соработка и комуникација со колегите (локално и глобално) при извршување на планираните активности
- Одговорно водење и следење на океанските пратки, и редовно известување на клиентите – секојдневна грижа за клиенти
- Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари – исто така и за потенцијални клиенти
- Согледување/Истражување на пазарот и конкурентите
- Активен придонес во резултатите на одделението преку давање на мерки за подобрување, како и проширување на портфолиото на клиенти
Вашиот профил:
- Работно искуство во организација на океански транспорт е предност, но не е задолжително. Поттикнуваме пријава на кандидати и без работно искуство.
- Диплома за завршено високо образование (предност - Економски факултет, Бизнис и логистика)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот
Вашите способности:
- Добри комуникациски вештини
- Тимски ориентирана личност
- Силна посветеност на работата
- Желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
- Желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
- Одговорност, организираност
Нашата понуда:
- Работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
- Фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
- Организиран превоз до/од работа
- Привлечна плата и бенефиции
- Можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
- Обуки за личен и компаниски развој
- Одлична работна средина и тим за работа
Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија на
E-mail: mk.dl.skp.career@dbschenker.com или директно преку копчето „АПЛИЦИРАЈ„. Краен рок за пријавување: 25.09.2021.
https://www.dbschenker.com/mk-mk
*Однапред Ви благодариме за испратените биографии. Ќе бидат контактирани неколку кандидати чиј профил (образование, искуство, достигнувања) најмногу одговара на позицијата.
Со испраќање на Вашите биографии се согласувате да ги користиме Вашите лични податоци, кои се безбедни, доверливи, и ќе бидат користени исклучиво за процесот на селекцијата.