За вработување кај наш реномиран клиент од банкарскиот сектор бараме:
Директор на Дирекција за правна поддршка на банкарски активности (М/Ж)
- Организација, координирање и следење на изработката на договорите и анексите склучени со клиенти-правни лица (корпоративни клиенти, мали и средни компании) врз основа на одлуки на надлежните кредитни одбори, како и дефинирање на унифицирани текстови на овие договори;
- Организација, водење и следење на процесот на обезбедување на побарувањата по основ на кредитни пласмани за клиенти-правни и физички лица, издавање на согласности и други документи поврзани со обезбедување на побарувања и бришење на залози;
- Координирање и контрола на работењето на надворешните лица-адвокати/адвокатски друштва вклучени во процесот на обезбедување на побарувањата;
- Давање на правни мислења (писмени и усни) за потребите на другите организациони делови во компанијата и надлежните кредитни одбори во делот на правната поддршка на банкарските активности и обезбедувањето на побарувањата;
- Изготвување на извештаи и анализи за целокупното работење на Дирекцијата и поединечните служби во рамки на истата, како и спроведување на евалуација на работењето на нотарите и адвокатите кои се вклучени во процесот на обезбедување на побарувања;
- Проучување и следење на законските прописи и целокупната регулатива која се однесува на банкарските активности и обезбедувањето на побарувањата, судската пракса и во врска со тоа давање на предлози за превземање на дејствија за заштита на интересите на компанијата.
- Завршено ВСС-Правен факултет;
- Положен правосуден испит;
- Минимум 5 години работно искуство во соодветната област (правна поддршка при вршење на финансиски активности и обезбедување на побарувања) после полагање на правосуден испит;
- Високо ниво на професионална етика и интегритет;
- Способност за креирање на правни одбранбени или проактивни стратегии;
- Способност самостојно да идентификува и разрешува сложени правни проблеми;
- Способност за управување со тим и добри лидерски вештини;
- Докажани комуникациски вербални и пишани способности;
- Добри организациски вештини и способност за приоретизирање на задачите;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook).
- Можен почеток со работа: Веднаш
- Работно време: од 8.00-8.30 до 16.00-16.30 часот
- Годишен одмор: Согласно ЗРО и КД .
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате, или аплицирајте директно со притискање на копчето ,, АПЛИЦИРАЈ``!
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk