Доколку сакате да станете дел од тимот на една од водечките компании во Македонија со 100 години традиција, богато портофолио на производи и број еден позиција на пазарот Ви нудиме вистински предизвик да станете дел од семејството на Пивара Ад Скопје а воедно и дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken. Пивара Ад Скопје постојано го зголемува и надоградува својот тим и вработува:
Електро техничар во сектор производство на безалкохолни пијалоци (Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Планира, координира и одговара за целокупната работа во смените и за исполнување на целите на производството преку обезбедување на квалитетни машински поправки и електро поправки и одржување во компанијата.
- Организира превентивни и корективни активности во однос на целосна проверка на работата на машините и средствата во компанијата.
- Го следи процесот на поправката и реагира соодветно за да обезбеди ефикасно отстранување на дефектот.
- Врши преглед на завршени и тековни поправки.
БАРАМЕ:
- ССС-Електротехничко-машинско образование
- Прецизно и точно управување со информации, факти и документи.
- Способност за ефикасно работење во динамична средина и работа под притисок
- Способност за редовно, оптимално планирање и извршување на работните задачи, како и на ненадејно зададени задачи со висок степен на приоритет и важност.
НУДИМЕ:
- Нето плата 33.000 денари
- Пвично вработување на неопределно со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
- Платена сменаска работа и работа на празник.
- 24/7 осигурување од незгода
- Обезбедеа обука за работа.
- Обезбедува ХТЗ опрема.
- Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден.
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
- Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании.
- Фит кит - бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје.
Доколку се пронаоѓате во бараниот профил и сакате да станете дел од ова семејство на Пивара Ад Скопје, Ве охрабруваме своите биографии да ги испратите на rabota@esi.mk и да ја наведете позицијата за која аплицирате.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk