Еmployment Services International објавува оглас за потребите на свој реномиран клиент, салон за убавина кој се наоѓа на атрактивна локација.
Салонот ги нуди следните услуги: фризерски, козметичарски, маникир и педикир, антицелулитни масажи, мадеро терапија, масажа на тело, освежителни третмани на лице, надградба на коса, уредување на веѓи.
Огласот е наменет за регрутирање и вработување на:
ФРИЗЕР/КА
- Потстрижување, миење, бојадисување и кадросување на коса;
- Козметичко третирање на коса;
- Миење коса и фенирање;
- Чистење и нанесување на креми, лосиони и слични производи на коса;
- Масирање на коса и третман на скалп;
- Вршење на сродни задачи.
- Задолжително поседување на минимум 3 годишно претходно работно искуство;
- Диплома за завршено образование од оваа област;
- Познавање на најмодерните техники во оваа област;
- Познавање на англискиот јазик;
- Способност за тимска работа;
- Развиени комуникациски и интерперсонални вештини;
- Професионален и одговорен пристап кон работењето.
- 40 часовна работна недела, со два слободни работни дена во неделата;
- Вработување на неопределено време;
- Работа во две смени;
- Можност за посета на најразлични семинари и обуки;
- Почетна плата: По договор со кандидатот врз основа на квалификациите и претходното работно искуство.
Доколку ги исполнувате потребните барања, испратете ја Вашата биографија на нашиот емаил: rabota@esi.mk и задолжително наведете ја позицијата за која аплицирате, или аплицирајте директно со притискање на копчето ,, АПЛИЦИРАЈ''!
Доколку не бидете одбрани за оваа работна позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација со Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
e-mail: rabota@esi.mk