АВАНГАРД ГРАДБА е компанија која е основана во 2013 година. Нивната цел се стреми кон квалитетот и довербата на клиентите пред се. Сите проекти кои ги изработуваат се градат според највисоки стандарди на стручност, посветеност и користење на најсовремени технологии. Тие располагаат со целосно посветен и стручен тим со голема контрола врз работата од страна на основачите и достапност за клиентите во секое време. Моментлано компанијата има потреба од работна позиција:
ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР (СКОПЈЕ)
ЗАДАЧИ:
- Раководење со објект, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба
- Во текот на извршување на работи да контактира со инвеститорот, изведувачите и преземна соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби
- Надгледување на развојот на проектот и давање насоки кога е потребно
- Оценка на напредокот и подготвување на детални секојдневни извештаи за инвеститорот
- Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди
- Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени
БАРАМЕ:
- Завршено ССС
- Предност ќе имаат кандидати од Градежен факултет
- Искуство со контрола со високоградба
- Возачка Б категорија
- Добри комуникациски и лидерски вештини
НУДИМЕ:
- Работно време од 07:00 до 15:00 часот
- Понеделник до сабота
- Почеток со работа: веднаш
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk