За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата HELLENiQ ENERGY и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Инженер во Акредитирана Лабораторија (Реон Скопје)
ЗАДАЧИ:
Прием, преглед и евидентирање на примероците за тестирање;
Организирање и следење на работата;
Надзор врз персоналот и давање на инструкции при изведување на тестирањата;
Проверка и оценка на резултатите од тестирањата;
Извршување на тестирања во согласност со методите на испитување;
Калибрација/Верификација на мерната инструментација, според изготвен план;
Учество во изготвување на инструкции за работа;
Учество во пуштање во работа нова мерна инструментација;
Подготовка на спецификација за потребите од хемикалии и прибор за работа;
Доследна примена на документите од системот за квалитет и активно учество во нивно ревидирање и изготвување;
Извршување други задачи во доменот на стручната квалификација
БАРАМЕ:
Висока стручна спрема – ВСС, Природно-математички факултет-насока Хемија; Технолошко-металуршки факултет- Органски насоки;
Познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
Претходно работно искуство во лабораториски анализи, индустрија ќе се смета за предност
Познавање деловен англиски јазик
Возачка дозвола – Б категорија
Барани лични особини и вештини:
Добри комуникациски и организациски вештини;
Ориентираност кон тимска работа;
Time management вештини;
Вештина за донесување одлуки;
Способност за логицирање и аналитичност;
Посветеност и самоиницијативност;
Педантност и спретност;
Доверливост и одговорност;
Нумерички вештини
Способност за работа во услови на испарување на нафтени деривати
ПОНУДА:
Работа во позитивна средина со можност за напредување
Солидна нето плата
Интерна обука
Полно работно време од 07:00-15:00 часот
Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
Организирана исхрана од компанијата
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата „Инженер во Акредитирана Лабораторија“ за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk