ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на работници за потребите на Јавно претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар - Скопје
За пополнување на следните работни места:
1. Одржувач на јавна хигиена - 45 (четириесет и пет) извршители
Опис на работните задачи:
- Секојдневно извршување на работни задачи и активности за одржувањето на јавната чистота на територијата на општината: редовно собирање хартија, фрлени отпадоци од храна, предмети, облека и друга нечистотија од јавните прометни површини, редовно метење на улиците и тротоарите,
- собирање и утовар на отпадот во возило и/или соодветен сад;
- чистење околу контејнерите и депонирање на сметот на определеното место
- во зимски услови чистење на снегот од тротоарите и улиците и фрлање на сол и песок;
- по потреба, чистење на јавните прометни површини од кал и песок и вршење нивен утовар во специјално возило
- редовното празнење на корпите за отпадоци поставени на тротоарите, покрај станбените и деловни објекти и во парковите,
- собирање на расфланиот смет околу корпите за отпадоци,
- се грижи за опремата за собирање на отпад да не дојде до нејзино оштетување;
- редовна замена на оштетената опрема со нова
- одржување на хигиена на корпите за отпад
- редовно одржување на чистотата на зелените површини
- во зимските услови, чистење на снегот и снежните наноси од зелените површини
- косење на трева,
Паричен нето износ на плата: 26.046,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-сабота
- Работни часови неделно: 40
- Работно време:
- понеделник до петок од 07:00 – 14:00 часот / 06:00 – 13:00 часот
- сабота од 07:00 до 12:00 часот / 06:00 – 11:00 часот
2. Ракувач со лесни градежни машини - 10 (десет) извршители
Опис на работните задачи:
- врши расчистување на површини, ископ на земја, затрупување на ровови и други земјени работи
- врши расчистување на диви депонии , порамнување на земјиште и слични градежни работи
- врши чистење на снегот и снежните наноси во зиски услови,
- собирање на песок и кал од улиците и тротоарите и слично.
- ракува со земјоделски машини во подигање , уредување и одржување на зелените површини
- се грижи за машината и ја одржува технички исправна, води контрола за состојбата на горивото, мазивата, хидролот, антифризот и други флуиди;
- периодично чистење и подмачкување на машината и други ситни поправки, за поголеми дефекти го известува раководителот на одделение;
- води евиденција на работните часови на возилото во ефективни и неефективни за време на работењето;
- води контрола за горивото со кое е задолжен при работа на терен и врши контрола на неговата потрошувачка;
- се грижи за алатот и опремата од машината
- се грижи за примена на мерките за безбедност и здравје при работа
- секојдневно миење на машината
Паричен нето износ на плата: 26.046,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-сабота
- Работни часови неделно: 40
- Работно време:
- понеделник до петок од 07:00 – 14:00 часот / 06:00 – 13:00 часот
- сабота од 07:00 до 12:00 часот / 06:00 – 11:00 часот
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум основно образование
- со или без работно искуство
3. Контролор за паркирање – 6 (шест) извршители
Опис на работни задачи
- врши контрола и ја следи наплатата на паркирањето;
- врши контрола на корисници кои услугата ја наплатиле преки смс порака или купен и истакнат билет за зонско паркирање;
- издава доплатни билети на корисниците на услуга;
- се грижи за техничката исправност на алатите и опремата кои му се доверени за работа;
- се грижи за правилно паркирање на возилата во склад со хоризонталната и вертикална сигнализација на јавното паркиралиште од отворен тип;
- им помага на корисниците на услугата правилно да го користат паркиралиштето и помага и дава информации при плаќање на паркинг услугата;
- секојдневно дава податоци за издадените доплатни паркинг билети;
- редовно го известува шефот на смена околу евентуалните проблемите што ќе настанат на паркиралиштето на кое е распореден и остварува коректен однос со корисниците на услугите.
- врши и други задачи поврзани со неговите работни компетенции, степен на стручност и образование
Паричен нето износ на плата: 31.684,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-сабота
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: во смени
- понеделник до петок – прва смена од 08:00 – 15:00 часот, втора смена - 15:00 – 22:00 часот
- сабота од 08:00 до 15:00 часот
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 2 (две) години
4. Самостоен референт – архивар – 1 (еден) извршител
Опис на работни задачи
- го води архивското и канцелариското работење на претпријатието, согласно прописите за канцелариско и архивско работење и прописите и општите акти на претпријатието
- ја отвара, распоредува и заведува поштата во деловодник и интерни книги согласно прописите за канцелариско и архивско работење и распоредување по организациони облици
- подготвува и ја испраќа поштата , се грижи за документацијата за испратената пошта
- ракува со печатот и штенбилите на претпријатието
- врши распределба и достава на предмети по сектори и одделенија
- се грижи за правилно архивирање на предметите согласно планот за архивски знаци и листа за чување на архивската граѓа, ги разведува и архивира завршените предмети
- учествува во работата на комисијата за ништење на извлечениот материјал по истекот на утврдените рокови за негово чување
- се грижи за безбедно чување на архивскиот материјал од секаков вид на оштетување и уништување
- врши собирање,средување и обработка на архивскиот материјал
- води строго доверливи работи
- прима и заведува барања од странки и вработени;
- врши експедирање на пошта,заведување на актите за испраќање,нивно архивирање и грижа за навремено испраќање
- води книга за влезна пошта , книга за пошта и интерни доставни книги
- подготвува предлог -листа на документиран матерјал за уништување
- разведува предмети во деловодник, согласно опис и попис за акти од трајна вредност
- следи рокови на архивска граѓа и архивира еден архивски примерок , собира, средува, изготвува попис од трајна вредност , чува и складира архивска граѓа согласно Планот за роковите на чување архивска граѓа од трајна вредност
- одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите и задачите
Паричен нето износ на плата: 33,746,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: 08:00-16:00
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 3 (три) години
5. Инкасант – наплатувач (контрола на рампа) – 1 (еден) извршител
Опис на работни задачи
- Врши наплата на паркираните возила според утврдената цена на билетот за паркирање;
- издава фискална сметка при наплата за паркирање;
- се грижи за техничката исправност на влезно-излезните паркинг системи;
- врши распоред на паркирање на возилата на паркинг просторот;
- го известува раководителот на одделението за состојбата на материјално-техничките средства на паркиралиштето и за евентуалната потреба од интервенција;
- ги пријавува евентуално оштените возила за време на својата работа (смена);
- редовно се раздолжува со паричните средства кај благајникот на претпријатието;
- работата ја врши во униформа со предвидената опрема, и ги применува ХТЗ средствата и ПП опремата.
- врши и други задачи поврзани со неговите работни компетенции, степен на стручност и образование
Паричен нето износ на плата: 30.512,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-недела
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: во смени
- понеделник до недела – прва смена од 06:00 – 14:00 часот, втора смена - 14:00 – 22:00 часот, трета смена 22:00 – 06:00 часот
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 2 (две) години
6. Референт за наплата на депо на пајак – 1 (еден) извршител
Опис на работни задачи
- Води дневна евиденција на возилата кои што се донесени во Депо на Пајак службата;
- Врши наплата на услугите;
- Прави записник за примопредавањена возилата и на крајот на смената средствата ги предава на жиро сметка или на главниот благајник на Претпријатието;
- Работи сменски, контактира со странки при примопредавњето на возилата и доколку има потреба, дава појаснувања;
- Обврзан е при секое подигање на возилото комплетно да го прегледа и во налогот за подигање да се запише за секоја оштетеност на возилото како не би дошло до дополнителна рекламација од странката,
- врши и други задачи поврзани со неговите работни компетенции, степен на стручност и образование.
Паричен нето износ на плата: 31.419,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-недела
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: во смени
- понеделник до недела – прва смена од 06:00 – 14:00 часот, втора смена - 14:00 – 22:00 часот, трета смена 22:00 – 06:00 часот
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 1 (една) година
7. Самостоен референт за спроведување на наплата (подготовка и испраќање на фактури – 1 (еден) извршител
Опис на работни задачи
- ја води базата на податоци за постоечките корисници (физички и правни лица) и внесува податоци за креирање на сметка /фактура (матичен/даночен број, шифра и други податоци од УЈП и Централен регистар на РМ, УЈП – за правните лица);
- врши печатење на сметки/фактури
- остварува контакти со корисниците (физичи и правни лица)
- учествува во печатење на сметките/ фактурите за корисниците и електронски ги доставува
- изготвува и печати сметки сметки за корисниците на кои сметките/фактурите не можат да се достават електронски и подготвува спецификации, листи на изготвени сметки и доставни листи за пошта
- печати преписи на сметките по добиена согласност од раководителот на одделение
- одговара за својата работа во рамките на овластувањата.
Паричен нето износ на плата: 35.604,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: 08:00-16:00
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 3 (три) години
8. Самостоен референт за документација и евиденција на договори – 1 (еден) извршител
Опис на работни задачи
- учествува во изготвувањето на договорите за користење на услуги што ги нуди претпријатието и врши административно технички работи околу комплетирањето на потребната документација
- за таа цел, ја спроведува потребната писмената коресподенција со физичките и правни лица (корисници на услуги)
- води евиденција на склучени договори за користење на услуги на претпријатието и договори за признавање на долг и плаќање на рати
- ги ажурира договорите за признавање на долг и ја следи нивната реализација секој месец, за што подготвува извештај и го доставува до раководителот и соработникот во одделението
- склучените договори архивски ги заведува во посебен деловодник и ги запишува во електронска евиденција
- користи податоци од базата на корисници и подготвува извештаи за потребите на секторот и одделението
- се грижи за точноста на податоците во базата на корисници и доставува барања за вршење на потреби корекции во податоците на истата.
Паричен нето износ на плата: 33.746,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: 08:00-16:00
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 3 (три) години
9. Соработник на директорот за внатрешна контрола и безбедност на паркиралиштата – 1 (еден) извршител
Опис на работни задачи
- вршење контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на јавните паркиралишта и вработениот персонал;
- вршење контрола на техничката исправност на јавните паркиралишта (светлосната сигнализација, рампи, бележење на паркиралиштата и сл);
- вршење контрола на професионалноста и одговорноста на вработените при извршувањето на работните задачи во остварувањето на оперативните програми од дејноста на претпријатието по добиен налог за работа од страна на Директорот;
- следење на одвивање на сообраќајот, состојба на паркиралиштата (зонски и затворени) и сигнализацијата;
- познавање на прописите од областа на безбедноста во сообраќајот и запознавање на вработениот персонал на паркиралиштата со истите;
- секојдневно изготвување и доставување извештај до директорот за констатирите состојби при контролите на паркиралиштата;
- соработка со надлежните институци и Министерството за внатрешни работи од аспект на безбедноста во сообраќајот;
- иницирање постапки за прекршен ред и дисциплина и надомест на материјална штета;
- вршење на техничко-административни работи од доменот на своето работење.
Паричен нето износ на плата: 42.649,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: 08:00-16:00
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум средно образование образование
- работно искуство – 2 (две) години
Работниците ќе бидат ангажирани на определено работно време согласно потребите на работодавецот.