За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – ОДРЖУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ –
како и задачи поврзани со скицирање и техничка документација. (РЕОН СКОПЈЕ)
🔧 Опис на работната позиција:
- Организира и координира работни налози за машинско одржување, во тесна соработка со работоводителот и теренските техничари;
- Следи тековни активности, изготвува дневни, неделни и месечни извештаи;
- Комуницира со магацин за обезбедување материјали и резервни делови, подготвува соодветни налози;
- Надгледува работа на подизведувачи и осигурува квалитет на изведените активности;
- Изработува технички скици за поддршка на работни налози;
- Води евиденција за дефекти и предлага технички подобрувања;
- Подготвува и ажурира техничка документација поврзана со опремата.
✅ Пожелно искуство:
- Минимум 2 години работно искуство во одржување на опрема, особено во индустриски објекти;
- Искуство со работа во средина со опасни материи се смета за предност.
🧰 Квалификации и вештини:
- Диплома од Машински факултет;
- Познавање на MS Office и CAD софтвер;
- Возачка дозвола – Б категорија;
- Одлични организациски и комуникациски вештини;
- Способност за тимска работа и донесување одлуки.
- Способност за работа во тим;
- Способност за multi-task;
- Одговорност;
- Ориентираност кон резултати;
- Професионализам и висок етички стандард
🎯 Што нудиме:
- Конкурентна плата;
- Динамична работна средина со можност за личен развој и кариерен напредок;
- Работа со врвни професионалци;
- Позитивна работна средина;
- Работа во интернационална компанија;
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
- Организирана исхрана од компанијата;
- Приватно здравствено осигурување;
- Фит Кит – бесплатна месечна членарина за фитнес и велнес со пристап до над 1000 активности за вежбање, релаксација и грижа за менталното здравје
- Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода;
- Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот;
- Новогодишен надоместок;
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3, 1000 Скопје
T: +389 2 3246-899,
rabota@esi.mk, www.esi.mk