Озон е фирма за за трговија, проектирање, изведување и производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.
Огласуваме слободно работно место на позицијата:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО
- Кандидатот ќе биде одговорен за проектирање и изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација, ладење, греење и вентилација.
- Проектирање машински инсталации и работа на компјутер;
- Организирање и раководење при изведба на системи за климатизација, греење, ладење и вентилација;
- Воспоставување на стандарди и постапки за контрола на ефикасно изведување на машински проекти, опрема или системи, како и надгледување во текот на нивната изведба;
- Одржување на техничка соработка и консултации со други релевантни стручњаци;
- Изработка на соодветна документација и пишување на извештаи;
- Вршење на сродни работи;
- Надзор на останатите работници и координирање на активности при изведба.
- Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство Овластување А или Б за изведба;
- Кандидатот треба да има желба за стекнување со нови знаења;
- Завршено Високо образование - Mашински инженер;
- Познавање англиски јазик;
- Одлично познавање на програми за 2Д цртање;
- Познавање на основни програми за работа на компјутер.
Доколку сте заинтересирани испратете ги Вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk или аплицирајте директно со притискање на копчето ,,АПЛИЦИРАЈ''!
Документите пратете ги како пдф документ со назнака и наслов за која работна позиција аплицирате, во спротивно Вашата апликација можеби нема да биде разгледана.
Oзон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.
ОЗОН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Ул. Борис Трајковски 73а-Центар, Скопје
Емаил: vrabotuvanje@ozon.com.mk