.
Поради проширување на капацитетите во производството, светски позната водечка компанија од областа на железничката индустрија, лидер во својата област и во моментов е рангирана на листата на Fortune 500 најбогати компании во светот, присутна во повеќе од 50 држави и вработувајќи повеќе од 27.000 лица од целиот свет, бараме:
МАШИНСКИ ОПЕРАТОР (CNC) (реон Велес, Куманово, Св.Николе)
Ако ви е важна безбедна и здрава работна средина, тогаш оваа компанија е вистинското место за вас, бидејќи една од темелните вредности е „Безбедноста пред сѐ“. Грижата за вработените и нивната безбедност е топ приоритет. Освен за безбедноста, оваа компанија се грижи и за мотивираноста на своите вработени преку нивен постојан кариерен развој, одржување на конкурентно ниво на плати и останати додатоци и надоместоци.
ЗАДАЧИ:
Чита и применува техничка документација по технички цртежи;
Подготвува мерен, стезен и контролен алат;
Ги подготвува работните парчиња за обработка (мери,позиционира, порамнува)
Изработува пробно парче, го доставува на контрола и по потреба спроведува корекции
Врши машинска обработка на метални делови со помош на CNC машина, ја контролира и/или програмира машината;
Врши мерење на димензии на готовите парчиња со помош на мерни инструменти и врши доработка на парчињата;
Врши финална обработка на произведените парчиња со браварски операции (турпијање, шмирглање, симнување рабови, естетско дотерување, полирање)
Врши визуелна проверка и проверка со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката
Ја надгледува работата на машинјите и пријавува евентуална неисправност
Врши редовно оджување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
Навремено, уредно и точно пополнува евиденција поврзана со работните операции (работен налог, SPC листи)
БАРАМЕ:
Завршено најмалку ССС-машински техничар, машино-бравар или сродни технички струки;
ВСС- Машински инженер или сродни технички струки;
Потребно работно искуство: со или без работно искуство;
Познавање на технички цртежи;
Стабилна и лојална личност;
Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења;
НУДИМЕ:
Работа во 3 смени: прва смена од 06.00-14.00 часот, втора смена од 14.00-22.00 часот, трета смена од 22.00-06:00 часот;
Спроведена обука од страна на компанијата;
Конкурентна оснановна нето плата и додатоци за сменско работење, додаток за исхрана, К-15 и дополнителни законски исплати;
Континуирани годишни евалуации на платите;
Работа во позитивна средина со можност за напредување
Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот
Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време;
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk