Доколку сакате да станете дел од тимот на една од водечките компании во Македонија со 100 години традиција, богато портофолио на производи и број еден позиција на пазарот Ви нудиме вистински предизвик да станете дел од семејството на Пивара Ад Скопје а воедно и дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken. Пивара Ад Скопје постојано го зголемува и надоградува својот тим и вработува:
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР - БРАВАР (реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Одговара за квалитетно извршување на машински поправки и одржување на опремата и машинските инсталации во производство на безалкохолни пијалоцци и во останатите постројки и објакти на локацијата.
- Го познава функционирањето на опремата и инсталациите во фабриката, може да ги одржува во добра состојба и да врши поставувања / прилагодувања со цел да ја оптимизира потрошувачката и процесите.
- Врз основа на евиденција, дава предлози за подобрување на опремата и процесите како и за намалување на специфичната потрошувачка.
- Поднесува предлози за да се оптимизира секојдневната активност за одржување на опремата
- Може да ги идентификува и процени потребните (резервни делови, материјали, алатки, уреди и сл.) за соодветно секојдневно одржување и да изврши ескалациаја до следното хиерархиско ниво доколку има потреба.
- Го информира својот лидер на тимот за идентификуваните механички дефекти на опремата, презема активности за да го поправи и предлози за интервенции за превентивно одржување.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средна стручна спрема – Машинство;
- Претходно работно искуство во одржување на машини, системи за греење и ладење ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство во производтсвена средина ќе се смета за предност;
- Познавање од автоматика, пневматика и хидраулика
- Б-категорија возачка дозвола
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Добра психо-физичка кондиција, иницијативност и мобилност;
- Способност за работа во услови на бучава;
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност.
НУДИМЕ:
- Нето плата 33.000 денари
- Пвично вработување на неопределно со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
- Платена сменаска работа и работа на празник.
- 24/7 осигурување од незгода
- Обезбедеа обука за работа.
- Обезбедува ХТЗ опрема.
- Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден.
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
- Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании.
- Фит кит - бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје.
Доколку се пронаоѓате во бараниот профил и сакате да станете дел од ова семејство на Пивара Ад Скопје, Ве охрабруваме своите биографии да ги испратите на rabota@esi.mk и да ја наведете позицијата за која аплицирате.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk