За вработување кај наш реномиран клиент чија дејност е во големопродажба на нафтени деривати, бараме кандидат за позицијата:
МЕНАЏЕР ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ (реон Скопје)
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Креирање, развивање, планирање и организирање на стратефијата за продажба.
- Развивање и одржување на односи со постоечки и потенцијални клиенти.
- Истражување на пазарот.
- Креирање и имплементација на стратегии за продажба, во соработка со Генералниот менаџер.
- Дефинирање и планирање на продажни таргети за претстојните периоди.
- Предлагање мерки за унапредување и зголемување на продажбата.
- Секојдневно утврдување на продажни цени на големо, во координација со менаџерскиот тим и врз основа на дефинирани параметри.
- Следење на реализација на продажбата и изготвување периодични извештаи за истата.
- Активна продажба на нафтени деривати во Република Македонија.
- Континуирана комуникација со постојни клиенти и проактивно барање на нови.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Возачка дозвола – Б категорија.
- Високо образование – предност ќе имаат кандидатите со економски или сроден факултет.
- Минимум три години на иста или слична позиција.
- Добро познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint)
- Солидно познавање на англиски јазик.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Изразени интерперсонални и комуникациски вештини.
- Одлични организациски способности.
- Иницијативност, посветеност и амбициозност.
- Одговорност и способност за тимска работа.
- Мобилност и флексибилност.
НУДИМЕ:
- Работа во интернационална компанија
- Конкурентна плата.
- Службено возило.
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
- Можност за кариерен развој.
Доколку ги исполнувате на ведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
📍 ул. Ристо Равановски 2-1/3, 1000 Скопје
📞 T: +389 2 3246-899 | Ф: +389 2 3246-897
🌐 www.esi.mk | 📧 rabota@esi.mk