Поради проширување на капацитетите во производството, светски позната водечка компанија од областа на железничката индустрија, лидер во својата област и во моментов е рангирана на листата на Fortune 500 најбогати компании во светот, присутна во повеќе од 50 држави и вработувајќи повеќе од 27.000 лица од целиот свет, бараме:
МОНТЕР (реон СКОПЈЕ)
Ако ви е важна безбедна и здрава работна средина, тогаш оваа компанија е вистинското место за вас, бидејќи една од темелните вредности е „Безбедноста пред сѐ“. Грижата за вработените и нивната безбедност е топ приоритет. Освен за безбедноста, оваа компанија се грижи и за мотивираноста на своите вработени преку нивен постојан кариерен развој, одржување на конкурентно ниво на плати и останати додатоци и надоместоци.
ЗАДАЧИ:
Чита и применува техничка документација по технички цртежи;
Обезбедува и подготвува потребен алат и помагала за монтажа на производите пристигнати со работен налог
Врши подготовка на позициите за монтажа со нивно чистење(бришење, продувување и одмастување) ако се применува лепак
Врши визуелна контрола на работните површини од позициите кои треба да се монтираат
Врши монтажа на подсклопови, склопови и цели производи со употреба на соодветен алат;
Врши подготовка за испитување на монтираните производи
Пополнува испитни листи со резултати од испитувањето;
Врши демонтажа, монтажа и испитување на апарати пристигнати за ремонт
Врши сервисирање на производи на терен по основа на рекламација или испитување на прототипско возило
БАРАМЕ:
Завршено најмалку ССС-машински техничар, машино-бравар или сродни технички струки;
Потребно работно искуство: со или без работно искуство;
Познавање на технички цртежи;
Стабилна и лојална личност;
Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења;
НУДИМЕ:
Работа во две смени: прва смена од 06:00 до 14:00; втора смена од 14:00 до 22:00, сабота по потреба, а неделите се неработни.
Спроведена обука од страна на компанијата;
Конкурентна оснановна нето плата и додатоци за сменско работење, дополнителни законски исплати;
Континуирани годишни евалуации на платите;
Работа во позитивна средина со можност за напредување
Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот
Oбезбеден топол оброк;
Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време;
Годишен одмор: според ЗРО
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk