За вработување кај нашиот реномиран соработник – ПИВАРА СКОПЈЕ, лидер на пазарот во производство на пиво, вода и безалкохолни пијалаци, потребен е:
ОДРЖУВАЧ НА МАШИНСКИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ (СКОПЈЕ)
- Одговара за квалитетно извршување на машинските поправки и одржување на опремата и машинските инсталации во производство на БАП и во останатите постројки и објекти на локацијата при што обезбедува најдобра ефикасност и минимален застој на опремата;
- Врши превентивно, предвидливо и корективно одржување, врз основа на работните налози почитувајќи ги препорачаните технологии и е одговорен за квалитетот на извршената работа;
- Ги надгледува и одржува во добри услови по номиналните параметри сите енергетски капацитети (котел, компресори, вентилација, чилери) и инсталации (линии за вода, хемикалии, ладење/греење, компримиран воздух, гасови: CO2, азот, природен гас);
- Генерира предлози за подобрување со цел да се намали или да се елиминира веројатноста за настанување на периодочни технички проблеми;
- Следење на залиха на потрошен материјал за одржување;
- Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
- Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство;
- Придонесува за одржување на редот и дисциплината во организацијата.
- ВСС или ССС во Машинска или Електро струка
- Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутери
- Способност да се реагира брзо во зависност од потребите
- Носење на задолжителна заштитна опрема
- Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
- Сменско работење (во три смени) прва смена од 06:00 – 14:00; втора смена 14:00 – 22:00; трета смена 22:00 – 06:00
- Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa
- Солидни и навремени месечни примања
- Обезбеден топол оброк
- Обезбедена обука
- Можен почеток: 14.06.2021
- Годишен одмор: согласно ЗРО и колективен договор
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk