За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
ОПЕРАТОР ПАРНИ ГЕНЕРАТОРИ (реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Самостојно водење и контрола на технолошкиот процес на производство на водена пареа, врз основа на покажувањето на мерните инструменти, инструкции, упатства и технолошки шеми;
- Подготвување, вклучување и исклучување на опремата со која се управува;
- Извршување на активности кои се спроведуваат секојдневно и периодично за постигнување на поголема сигурност и економичност во работата на опремата;
- Учество во испитувањето на технолошката заштита, сигнализација и блокада на опремата;
- Контрола на постројките, забележување на неисправности, исклучување на неисправната опрема и вклучување на резервната по потреба;
- Обезбедување на услови за безбедна работа на персоналот за одржување, врз основа на инструкции од претпоставениот;
- Спроведување погонска анализа за квалитетот на омекнатата вода и напојната вода;
- Учество во отстранувањето на последиците од хаварии на опремата;
- Учествува во периодични и генерални ремонтни активности на парните генератори
- Проверка на цевоводите за пареа, кондензат, свежа вода, гориво за ложење на инсталацијата
- Размена на информации со другите учесници во технолошкиот процес и корисници на технолошка пареа;
- Одржување на редот и хигиената на постројките на технолошка пареа и нивна околина;
- Извршување на други задачи од доменот на стручна квалификација, по налог на претпоставениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средна стручна спрема - Машинство, Електротехника, Енергетика;
- Положен испит за стручна оспособеност за ракување со котларници со АТК;
- Претходно работно искуство во делот на работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема, работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со САП информациски систем ќе се смета за предност;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на МS Office;
- Б-категорија возачка дозвола.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ
- Добра психо-физичка кондиција, иницијативност и мобилност;
- Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава;
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност.
НУДИМЕ
- Работа во позитивна средина со можност за напредување;
- Интерна обука за работното место;
- Конкурентна плата;
- Сменско работење: три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втора смена, 23:00-07:00 трета смена;
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
- Организирана исхрана од компанијата;
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk