Security One 2 One Австралија е една од водечките агенции за обезбедување во Австралија кои обезбедуваат доверливи и сигурни безбедносни решенија за нивните владини и корпоративни клиенти. Security One 2 One Австралија својата цел ја постигнува со вработување на квалификувана работна сила посветена да ги одржува безбедни просториите, луѓето и средствата на клиентите, а со цел воспоставување на еден комплетен, усовршен и модерен систем на функционирање, Security One 2 One Австралија отвара повикувачки центар во Република Македонија наречен Глобал Контакт Центар Скопје. За таа цел Security One 2 One Австралија регрутира и вработува 4 оператори за контакт центар.
Оператор во Call Center
ЗАДАЧИ:
- Следење на операциите на Глобалниот Контакт Центар на Security One 2 One и обезбедување непречено функционирање на процесот на работење.
- Навремено и ефикасно одговарање на телефонските повици на клиентите и обезбедување брза и професионална услуга.
- Ракување со поплаките и прашањата на клиентите на професионален и љубезен начин.
- Примање и насочување на дојдовните повици до соодветниот персонал во Security One 2 One Австралија.
- Развивање и одржување добри работни односи со клиентите.
- Обезбедување повратни информации до менаџментот во врска со барањата на клиентите и давање Извештаи за работењето.
- Користење низа софтверски апликации за обезбедување непречено функционирање на контакт центарот.
- Водење точна и ажурирана евиденција.
- Обезбедување усогласеност со сите важечки прописи и закони.
БАРАМЕ:
- Одлично познавање на Англиски јазик, говорење и пишување.
- Флексибилност за работа во смени и празници.
- Одлични супериорни вербални и писмени комуникациски вештини.
- Минимум 2 години работно искуство по можност во безбедност, продажба и маркетинг или обука.
- Доверливост, сигурност, искреност, самоиницијативност како и способност за тимска работа.
- Способност за градење односи со професионалци од сите организациски нивоа.
- Одличен телефонски манир и посветеност.
- Предност е да се има искуство во околина на Call Centre/Operations Center.
НУДИМЕ:
- Нудиме одлична атмосфера за работа
- Атрактивна дневница
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|