За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Оператор во сектор инсталациски постројки
(реон Скопје, Куманово)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
Ø Учество во работните процеси и контрола на работењето и исправноста во инсталациите за утовар, истовар од авто и вагон цистерни, резервоарскиот парк и пумпните станици.
Ø Учество во процесите на чистење, одржување, мерење и мострирање на резервоарскиот парк.
Ø Изготвување на соодветна документација при утовар, истовар, вагање, мерење и мострирање на резервоари.
Ø Следење на работата на инсталациите преку соодветните инструменти, следење на технолошките параметри во резервоарскиот парк.
Ø Спроведување на мерките за сигурност и употреба на колективните, противпожарните и личните заштитни средства.
Ø Почитување на работна дисциплина, ред и грижа за уредност на работно место.
Ø Професионален однос кон трети лица учесници во ланецот на утовар/истовар и контрола.
Ø По потреба учествува во превентивни и корективни активности поврзани со опремата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Ø ССС, предност ќе има имаат кандидати од технички струки (машинска, електро, градежна, хемиска).
Ø Работното искуство не е предуслов.
Ø Претходно работно искуство во работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со SAP информациски систем, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема ќе се смета за предност.
Ø Основно познавање на англиски јазик
Ø Основно познавање на МS Office
Ø Активен возач, Б-категорија
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ
Ø Добра психо-физичка кондиција
Ø Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава
Ø Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност
НУДИМЕ
Ø Работа во позитивна средина со можност за напредување
Ø Интерна обука за работното место
Ø Конкурентна основна нето плата и додатоци на плата.
Ø Сменско работење: три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втора смена, 23:00-07:00 трета смена.
Ø Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
Ø Организирана исхрана од компанијата
Ø Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
Ул.Ристо Равановски Бр.2- 1/3
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk