За вработување кај наш реномиран клиент потребни се:
Оператори за подготовка на линија (Скопје, Велес, Куманово)
- Следење и работа според процедурите за стандардна работа за подготовка на линија и ефективно чистење на производните алатки;
- Познавање и разбирање на различни видови катализатори и филтри;
- Користење на матрицата за алатки кои се потребни за подготовка на линија;
- Чистење на црева кои се користат за транспорт на хемиски премази и алатки кои се користат за нанесување на хемиски премази, чистење на резервоари и дозирачки станици на кое се произведуваат хемиски премази;
- Навремено подготвување на производната линија со потребните алатки за следното производство, проверка на опремата од оштетување, проверка, потпишување и враќање на алатките (опремата) на одредено место со соодветна документација и количеството на мешавина на вода со хемиски премази;
- Следење на процедурите за безбедност при работа.
- ССС – Пожелно да е технички смер;
- Работно искуство во производствена или средина со хемиски процеси ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство со рачен или електричен палетар;
- Познавање на работа со компјутери и англиски јазик;
- Способност да се реагира брзо во зависност од потребите на бизнисот;
- Носење на задолжителна заштитна опрема;
- Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа;
- Сменско работење (во три смени).
- Обезбеден трансфер до работа;
- Обезбеден дневен оброк;
- Обезбедена обука.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, аплицирајте директно со притискање на копчето „Аплицирај“!
* Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи. Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk