НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација,
кој работи во областа на менталното здравје, личен и корпоративен развој објавува оглас за вработување на позиција:
ПСИХОЛОГ
📍 Локација: Скопје
Ако сте лиценциран психолог со страст за психотерапија, психолошко советување, организација и работа со луѓе, ова е вистинската можност да станете дел од тим кој секојдневно создава позитивни промени во заедницата.
ВАШИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:
- Водење психолошки сесии, советување и психотерапија со клиенти;
- Водење обуки, вршење индивидуална и групна психоедукација
- Комуникација со клиенти: закажување, презакажување и координација на термини;
- Следење и документирање на тековни проекти и нивната реализација;
- Извршување на основни административни задачи за непречено функционирање на Центарот.
КОГО БАРАМЕ:
- Дипломиран психолог (ВСС – Филозофски факултет, отсек Психологија);
- Лиценца за работа од Комората на психолози на РСМ;
- Минимум 3 години релевантно работно искуство;
- Завршена или во тек едукација за психотерапија;
- Искуство со психодијагностика (предност);
- Искуство со административни и координациски задачи (предност).
ВЕШТИНИ И КВАЛИТЕТИ:
- Одлични комуникациски и организациски способности;
- Способност за управување со време и приоритети;
- Лојалност, професионалност и посветеност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Солидно користење на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
- Амбиција за личен и професионален развој;
- Возачка дозвола Б категорија (предност).
ШТО НУДИМЕ:
- Континуирана едукација и менторска поддршка;
- Вработување со флексибилен договор – со можност за полно или скратено работно време, согласно потребите на Центарот и кандидатот;
- Флексибилно работно време (10:00 – 20:00) и можност за хибриден модел;
- Фер, навремено и транспарентно надоместување.
📩 Доколку се препознавате во овој опис, испратете ја Вашата биографија на: 👉 rabota@esi.mk
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Доколку не сакате Вашата биографија да биде зачувана за идни можности, Ве молиме наведете го тоа во пораката.