За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – HELLENiQ Energy, бараме кандидат за позицијата:
РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР СМЕТКОВОДСТВО (РЕОН СКОПЈЕ)
ЗАДАЧИ:
- Контрола и следење на влезни фактури според договорни услови и порачки
- Проверка на документи од материјален, финансиски и законски аспект
- Комплетирање на фактури со соодветна документација
- Подготовка и доставување на фактури за одобрување
- Евиденција на обврски и подготовка на царински декларации
- Водење на сметководствена евиденција (транспорт, шпедиција, оперативни трошоци)
- Подготовка на извештаи (дневни, месечни, старосна анализа на обврски)
- Усогласување со добавувачи
- Учество во имплементација на нови проекти и автоматизација на процеси
- Работа во САП систем и надградби на истата платформа
- Извршување и други задачи поврзани со стручната квалификација
БАРАМЕ:
- Високо образование од областа на економија (Економски факултет)
- Минимум 2 години релевантно работно искуство
- Познавање на Microsoft Office
- Познавање на деловен англиски јазик
- Претходно искуство со САП ќе се смета за предност
🧩 ВЕШТИНИ И ЛИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
- Развиени комуникациски и аналитички вештини
- Тимска ориентираност и иницијативност
- Високо ниво на одговорност и доверливост
- Фокус на резултати
- Професионализам и етички вредности
🎁 НУДИМЕ:
- Конкурентна плата и награди според резултати
- Можности за личен и професионален развој
- Работа во стабилна и интернационална компанија
- Организиран превоз и обезбеден топол оброк
- Приватно здравствено осигурување и колективно животно осигурување
- 24/7 осигурување од незгода
- Износ за регрес за годишен одмор над законскиот минимум
- Новогодишен надоместок
- Бесплатна месечна членарина со пристап до 1000+ спортски и велнес активности
- Пријатна, професионална и поддржувачка работна атмосфера
Доколку ги исполнувате условите и сакате да станете дел од високо професионален тим, испратете ја вашата биографија на:
📧 rabota@esi.mk – со назнака за позицијата за која аплицирате
ЕСИ (Employment Services International)
📍 ул. Ристо Равановски 2/1-3, 1000 Скопје
📞 +389 2 3246-899 | 🌐 www.esi.mk | ✉️ rabota@esi.mk