Врвно осигурително друштво за неживотно осигурување, во соработка со ЕСИ (Employment Services International), нуди можност за вработување на еден извршител на работната позиција:
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРИЕМ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
- Врши истражување на развој на полето на осигурување;
- Изготвува и/или ги проверува понудите за осигурување во однос на усогласеност на истите со законски прописи, тарифи за осигурување и сите релевантни акти кои ја регулираат областа;
- Доставува понуди за осигурување, осигурителни пакети и промоции до банката;
- Постојано соработува со банката и служи како канал за комуникација со банката во врска со сите нивни барања за понуди за осигурување, техничка поддршка или било какви информации за кои банката ќе има потреба;
- Преговара специфични услови на полисите за осигурување со брокери;
- Врши прегледување на пишаните политики на Друштвото и дава предлози за нивно ревидирање
- Ја следи обновата на осигурувањата и наплатата на премии од клиентите;
- Одговара на правилната примена на законските прописи, тарифи на премиите и условите;
- Склучува договори за осигурување согласно лимитите за овластување;
- Учествува и дава предлози при изготвување на условите на осигурување и тарифите на премии;
- Ја следи обновата на осигурувања и наплатата на премии од клиентите и дава предлози за подобрување на осигурувањето и поуспешна наплата на премија;
- Одобрува прием на нови и обнова на тековни осигурувања согласно овластувањата.
- Задолжително ВСС (висока стручна спрема) - предност ќе има имаат кандидати од економски насоки, правен факултет, технички науки или осигурување;
- Работното искуство над 3 години во неживотно осигурување;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на МS Office пакетот;
- Комуникациски вештини;
- Мобилност, ориентираност кон тимска работа;
- Вештина за управување со време;
- Организациски вештини, одговорност и иницијативност;
- Доверливост, чесност, лојалност;
- Објективност, непристрасност;
- Работа во позитивна и просперитетна работна средина;
- Работно време: 08.00 – 16.00;
- Годишен одмор; според ЗРО;
- Плата и други бенефиции согласно интерната политика на компанијата;
Ги поттикнуваме кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми, своите биографии да ги испратат на маил
rabota@esi.mk
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
e-mail: rabota@esi.mk