За вработување кај наш реномиран клиент, компанија која се занимава со производство и обезбедување на решенија за сточарската индустрија, во потрага сме по:
Директор за регионална продажба (реон Западна Македонија)
ЗАДАЧИ:
· Самостојно спроведува договорни и продажни активности;
· Ги презема сите потребни активности, за да ги исполни поставените цели на продажбата и да дава платежни предлози и предлози за подобрување на продажбата;
· Ги презема сите потребни активности за да обезбеди соодветен асортиман на производи;
· Редовни посети на продажни места – формира нарачки за испорака и ги препраќа до логистичката служба во определените временски рокови, воспоставува контакт со нови потенцијални клиенти.
· Одржува контакт со клиенти и ги врши сите продажни активности (формулари и испраќа понуди, пресметки, брошури)
· Ги анализира пазарот и конкуренцијата и работи на идентификување на потенцијалите за подобрување и предлага воведување на нови алатки, промени во ценовната политика, проширување на асортиманите и сл.
· Дава навремени извештаи до непосредниот претпоставен за условите на пазарот и пречки и промени во конкуренцијата кои можат да влијаат врз постигнувањето на целите за продажба
БАРАМЕ:
· Високо образование (предност имаат лицата со Земјоделски, Сточарство или Ветеринарен факултет)
· Соодветно претходно искуство на иста или слична позиција (предност во земјоделската или сточарската индустрија)
· Одлично владеење на англискиот јазик
· Одлично владеење на Word, Excel, Power Point, Outlook
· Одлични комуникациски и презентациски вештини
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
• Локација: на терен; значително возење за посета на фарми и дистрибутери.
• Работно време: Полно работно време, 40 часа/неделно (од понеделник до петок).
• Вид на вработување: Постојано.
• Датум на почеток: веднаш.
Забелешка: Оваа улога нуди единствена можност за личен и професионален раст
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|