За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата HELLENiQ ENERGY и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Самостоен техничар во акредитирана лабораторија (Реон Скопје)
ЗАДАЧИ:
Подготовка на мерната инструментација и приборот потребен за изведување на тестирањата
Изведување на тестирања согласно стандардни акредитирани методи
Заведување на резултатите од тестирањата
Калибрација / Верификација на мерната инструментација според изготвениот план
Редовна проверка на дел од мерната инструментација со контролен примерок
Отстранување на остатокот од примероците за тестирање и употребените реагенси по завршување на тестирањето
Чистење, проверка и чување на соодветно место на волуметриската опрема и опремата за општа употреба
Следење на потребата од инвентар за работа, хемикалии и друг помошен материјал
Одржување хигиена и работни задачи по налог на претпоставениот
Проверка на оспособеност во меѓународни тестирања
Врши и други работи од областа на стручната квалификација
БАРАМЕ:
Средна стручна спрема – Хемиски техничар;
Познавање на MS Office (Excel, Word);
Претходно работно искуство во лабораториски анализи ќе се смета за предност
Претходно работно искуство во индустрија
Основно познавање на англиски јазик
Возачка дозвола – Б категорија
Барани лични особини и вештини:
Педантност и спретност;
Добри комуникациски и организациски вештини;
Ориентираност кон тимска работа;
Доверливост и одговорност;
Способност за логицирање;
Посветеност и самоиницијативност;
Time management вештини;
Нумерички вештини
Способност за работа во услови на испарување на нафтени деривати
ПОНУДА:
Работа во позитивна средина со можност за напрадување
Солидна нето плата
Интерна обука
Полно работно време од 07:00-15:00 часот
Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
Организирана исхрана од компанијата
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата „САМОСТОЕН ТЕХНИЧАР“ за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk