За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
ТЕХНИЧАР ЗА МРО, НИСКО ВОЛТАЖНИ ИНСТАЛАЦИИ И ЕЛЕКТРОНИКА (реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Одржување на опремата и инсталациите од scada системите, софтверскиот дел, мерно регулационата опрема, ниво мерачите, опрема од бензиски пумпи;
- Верификација и баждарење на опремата од претакачки места, вагон ваги и сл;
- Одржување на електро пневматска, мерно регулациона опрема и автоматика, опремата и инсталациите за телефонија, озвучување, противпожарна дојава, саатна инсталација, интерфонија, компјутерска мрежа и електронска опрема;
- Извршување на други задачи од доменот на стручна квалификација.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средна стручна спрема-Електротехника;
- Стручен испит за одржување и сервисирање на електро опрема и инсталации наменети за употреба во простори со експлозивна атмосфера ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство во делот на работа со електроника и автоматика ќе се смета за предност;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на МS Office;
- Б-категорија возачка дозвола.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Добра психо-физичка кондиција, иницијативност и мобилност;
- Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава;
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност.
НУДИМЕ:
- Работа во позитивна средина со можност за напредување;
- Интерна обука за работното место;
- Конкурентна плата;
- Работно време од 07:00-15:00 од понеделник до петок;
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
- Организирана исхрана од компанијата;
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk