За вработување кај наш реномиран клиент чија дејност е во Банкасрки сектор, има потреба од зголемување на тимот со позицијата:
Техничко лице за одржување на инсталации и одржување на имотот на банката (реон Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Инсталација и одржување на телефонски централи, телефонски и телефакс апарати, како и на целокупната телефонска инсталација;
- Oдржување на дел од компјутерската пасивна мрежна инсталација и опрема, УПС уреди;
- учествува во монтажа на АТМ–ите и нивно поврзување на електрично напојување и компјутерска мрежа.
- Учествува во реализацијата на техничките проекти;
- Врши превентивно и вонредно одржување на имотот на СБ -сите елементи и инвентар во рамки на објектите, електрична опрема и инсталација, водоводна опрема и инсталација, опрема за климатизација и вентилација, лифтови.
БАРАМЕ:
- Завршено средно техничко училиште- машински или електротехнички смер или смер телекомуникации;
- Потребно работно искуство:
- Претходно работно искуство на одржување на телефонска и компјутерска мрежа ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство на одржување на електрична инсталација ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
БАРАНИ ОСОБИНИ:
- Развиени комуникациски вештини,
- способност за самостојно работење како и за работа во тим,
- прецизност и точност
- аналитичен пристап кон работата
НУДИМЕ:
- Вработување на определено време со можност за трансформирање на неопределено време
- Работно време: од 08.00ч / 09.00ч – 16.00ч – 17.00ч
- Солидни и навремени месечни примања;
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|