Доколку сакате да станете дел од тимот на една од водечките компании во Македонија со 100 години традиција, богато портофолио на производи и број еден позиција на пазарот Ви нудиме вистински предизвик да станете дел од семејството на Пивара Ад Скопје а воедно и дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken. Пивара Ад Скопје постојано го зголемува и надоградува својот тим и вработува:
Водител на смена во производство (Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Одговара за целокупната работа во смената, за исполнување на целите на производството со цел да обезбеди соодветни количини и квалитет на готов производ.
- Го следи процесот на производство (начин на производство, ефикасност, продуктивност, финален производ) и реагира соодветно за да обезбеди ефикасност и продуктивност.
- Врши преглед на завршени и тековни активности, одржува секојдневни состаноци со вработените, ги известува и советува вработените во врска со планот.
- Врши преглед на состојбата во интерниот магацин и организира снабдување на суровини и материјали врз основа на планот за производство за наредниот ден го контролира процесите и состојбите на линиите за производство, во сирупана и третман за вода оставува сменски распоред на вработените и план за користење годишни одмори на оператори.
БАРАМЕ:
- ССП во областа на Прехранбени технологии, Електро-техника, Машинство или Автоматика, високо образование ќе се смета за предност.
- Работно искуство во производство.
- Познавање на MS Office и англиски јазик ќе се сметаат за предност.
НУДИМЕ:
- Првично вработување на определно со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
- Платена сменаска работа и работа на празник.
- 24/7 осигурување од незгода
- Обезбедеа обука за работа.
- Обезбедува ХТЗ опрема.
- Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден.
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
- Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании.
- Фит кит - бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје.
Доколку се пронаоѓате во бараниот профил и сакате да станете дел од ова семејство на Пивара Ад Скопје, Ве охрабруваме своите биографии да ги испратите на rabota@esi.mk и да ја наведете позицијата за која аплицирате.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk