Ангажирањето на нови таленти е критичен и неизбежен дел од тоа како да се биде лидер во бизнисот и е посложено отколку само разгледување на апликации и интервјуирање кандидати.
Ако вашиот процес на вработување не се одвива непречено, тоа би можело да ги спречи можните кандидати да аплицираат или евентуално да ги натера подоцна да се откажат.
Еве шест совети за изградба и подобрување на вашиот процес на вработување:
Комуникацијата помеѓу работодавачот и апликантите треба да биде непречена
Едно истражување направено на 300 работодавачи покажува дека апликантите треба да останат заинтересирани за работната позиција за која аплицираат.
Заинтересираноста на кандидатите покажува дека тие навистина ја посакуваат таа работа и работодавачите треба да бараат такви кандидати кои покажуваат ентузијазам за можноста која им се нуди.
Доколку кандидатите имаат дополнителни прашања и интереси околу работната позиција, работодавачите секогаш треба да им дадат одговор или информација околу истите тие прашања.
Треба да имате добар опис на работното место
Ако не сте внимателни, начинот на кој е напишан описот за работно место може да ги одврати кандидатите.
Многу компании пишуваат описи со списоци на одговорности и барања, но едно истражување кое го направиле истражувачи во САД и Канада покажа дека ова може да ги отуѓи квалификуваните вработени.
Во истражувањето 56 огласи за работа биле напишани со два различни пристапи: еден каде се наведуваат потребите на компанијата, и друг кој се фокусира на она што компанијата може да го направи за кандидатот и пристапот со побарувања, кој се фокусира на она што компанијата го очекува од кандидатот.
Вториот се покажал како подбар.
Фокусирајте се на она што вашата компанија може да ја направи за потенцијалните вработени, и ќе привлечете кандидати кои подобро ги исполнуваат вашите потреби.
Прифатете ги дигиталните трендови и социјалните медиуми
Повеќето од кандидатите сакаат да работат за компании кои ги следат најновите дигитални трендови.
Истражувањата на МИТ и ДЕЛОИТ откриваат дека најголем дел од кандидатите сакаат да работат за дигитални организации, што значи дека бизнисите ќе мора да бидат чекор понапред со цел да ги задржат вработените и да привлечат нови.
Дел од прифаќањето на дигиталното доба подразбира користење на јавни профили за социјални медиуми за истражување на кандидати.
Како и повеќето работодавачи, веројатно ќе направите стандардна проверка на кандидатите, но и профилите на социјалните медиуми на кандидатот може да понудат повеќе детали за поединецот како личност и вработен.