Дали знаете дека секоја компанија може да има големи придобивки со вработување на лица кои неодамна завршиле со студирање и дипломирале?
Токму така, секоја компанија може да има големи придобивки со вработување на неискусни кандидати, но важно е да ги пронајде оние најквалитетните.
Како можете да ги привлечете најквалитетните кандидати кои штотуку дипломирале и се со нула работно искуство?
Нудете придобивки
За младите денес работата не е само да бидат во канцеларија од 09:00 часот, до 17:00 часот. Важно им е да имаат работна позиција со која успешно ќе можат да си го организираат времето, да си го одредуваат времето за работа и времето за приватни работи.
Добро е да нудите и разни придобивки, како на пример, можете да им нудите попуст при купување на нов паметен телефон или попуст за членство во разни институции, спортски сали итн.
Нудете флексибилност
Ако мислите дека младите денес гледаат само пари, се лажете. Далеку повеќе се заинтересирани и за можноста да имаат флексибилност на работното место, посебно, флексибилни работни часови.
Продавајте ја организациската култура
Потрудете се да се рекламирате и да се претставите во најдобро сметло, ако сакате да дојдете до најквалитетните „новопечени“ дипломци. Важно е да најдете лице кое иако нема искуство, брзо ќе се адаптира на вашата околина и ќе се навикне на работните обврски.