Процесот на регрутација знае да биде долг и скап, посебно за позиции каде нема доволно талентирани или заинтересирани кандидати.
Кандидатите за работа во IT секторот кај нас во Македонија иако се многубројни, понекогаш се случува регрутерите да имаат потешкотии од мнозинството да го извлечат оној најквалитетниот кандидат.
За да се намалат потешкотиите при селекција на кандидати, добро е да се имаат во предвид следниве работи:
Покрај познавањето на кои тврди вештини треба да ги имаат кандидатите за да влезат во базата на кандидати за кои можете да кажете „да ќе го/ја повикам на интервју“, важно е да се потрудите и истите подобро да ги запознаете, посебно да проверите дали би се вклопувале во вашата организациска култура.
При барањето на соодветен кандидат понекогаш важно е да обрнете внимание и на местополжбата на која се наоѓа кандидатот, бидејќи сѐ почесто се случува кандидатите да се откажуваат после извесен период работење само поради тоа што канделаријата им е премногу далеку од работното место и трошат пари за секојдневен превоз. Секако, овој фактор не треба да биде преголемо ограничување.
Дури и во моментот да не сте во потрага по кандидати за пополнување на нова работна позиција добро е секогаш да имате готова мрежа на кандидати кои потенцијално можете да ги ангажирате.
Ако сте во потрага по соодветен кандидат за одредена работна позиција, но не успевате да најдете, вреди да инвестирате во кандидат со помалку исксутво. Секогаш можете да ги развивате вештините на помалку искусен кандидат кој е доволно мотивиран да учи.