Традиционалното интервју за работа е многу стресна ситуација и затоа повеќето луѓе кои доаѓаат на интервјуата за работа се нервозни. Кога стануваме нервозни можеме да почнеме да ги објавуваме деталите за нашите лични животи кои имаат контра ефект на деловниот разговор т.е. интервјуто.
Никој од регрутерите кои Ве интервјуира за работа не треба да ја знае ужасната приказна за тоа како и зoшто сте ја оставиле последната работа. Тие не треба да знаат кој живее со вас и како сте опстанувале додека сте биле без работа. Тоа може да биде примамливо да се ослободите пред сочуствителниот регрутер, но тоа не е добра идеја.
Еве 5 лични детали кои никогаш не треба да ги кажувате на интервјуто за работа:
Финансиски прашања
Лесно е да се каже и да Ви се испушти нешто за вашата намалена финансиска состојба, но тоа нема да може да Ви помогне да ја добиете работата и лесно може само да Ви наштети.
Работи повразни со вашата врска
Повеќето од кандидатите се обидуваат да ја објаснат нивната ситуација кажувајќи нивни лични приказни зад нивното барање на работа од типот: „ Се преселивме со мојот сопруг па тој ја изгуби работата, па јас самата го финансирав семејството, потоа се разведовме па по некој месец добив отказ“.
Многу луѓе ќе сочуствуваат со Вашата ситуација, но Вашиот личен живот не е добра тема да се претстави на интервјуто за работа.
Покрај фактот дека многу луѓе имаат предрасуди, секое спомнување на проблеми поврзани со вашата врска може да има негативни ефекти во добивањето на работата, бидејќи луѓето мислат: “Не ни треба таа драма што доаѓа тука”. Чувајте ги вашите лични приказни за себе.
Болест или повреда
Ако сте се одвоиле од работа поради болест или повреда, Вие не мора да го откриете тоа во интервјуто за работа. Можете да кажете дека сте зеле одмор, нешто што секој човек кога сака и може да си дозволи. Подобро е да ја задржите вашата медицинска состојба за себе.
Непријатно заминување од последното работно место
Приказни за нашите ненадејни, па дури и комични заминувања од минатите работни места ќе направат многу филмови и читливи стрипови, но тоа не значи дека тие приказни припаѓаат на интервјуто за работа.
Можете да кажете „Ние се согласивме да прекине нашата соработка во заеднички интерес на двете страни“ или „Бев подготвен за нешто ново“.
Без разлика колку и да е вашиот соговорник сочувствителен, оставете ги своите раскази за лошото заминување од последното работно место надвор од интервјуто.
Жалби за поранешните работодавци
Спротивставете се на секој нагон што може да го почувствувате во интервјуто за работа за да го омаловажувате, критикувате или размачкате некој минатите работодавци, без оглед колку Ви било лошо.
Вашите пријатели ќе слушаат и ќе се смеат со Вас кога ќе кажете некои лоши работи за поранешните работодавци, но тие не се за раскажување во интервјуто за работа, без разлика колку начинот на кој се однесува интервјуерот е пријателски.