Полека, но сигурно, влеговме во 2018-та година. Сега е време за нови походи, нови вработувања, развој на кариерата…
Но, пред да преминеме на следната година, добро е да се навратиме на старата и да видиме што научивме од неа.
Ако се вратиме наназад, ова се лекциите кои ги научивме од претходните 12 месеци:
Флексибилните работни услови и придобивките мора да продолжат да се подобруваат, ако сакаме успешен бизнис и добро раководење со човечките ресурси.
Квалитетните кандидати за одредена позиција можат да се избројат на прсти затоа, од голема важност е да се погрижиме да градиме добар однос и професионална врска со секое лице со кое се сретнуваме за време на нашето работење.
Од сѐ поголема важност е да почнеме да се грижиме за заштита на податоците кои ги собираме во текот на годината. Поаѓајќи од информациите за бизнисите, до личните податоци на лицата кои аплицираат да станат дел од компаниите.
Компаниите конечно почнаа да ги препознаваат придобивките и позитивното влијание над продуктивноста на вработените кога средината во која се наоѓаат е разновидна и пред сѐ кога за сите важат истите правила и услови.
Милениумците сега во главно ги користат социјалните мрежи за да пронајдат работа, па оттука и компаниите мораат да се адаптираат и да започнат сѐ почесто да ги користат социјалните мрежи за пронаоѓање на квалитетни работници.