Повеќето ЧР менаџери целат кон тоа да креирааат позитивна атмосфера на работното место каде вработените се почитуваат меѓусебно и заеднички се посветени на остварување на целите на компанијата.
Но, ваквата идеја не може секогаш лесно да се претвори во реалност.
Вработените се различни и уникатни, а тоа понекогаш може да креира проблеми и конфликити заради кои се појавува дисфункционалност во тимот.
Токму за тоа се зборува во книгата на Патрик Ленкони, „The Five Dysfunctions of a Team“. Во книгата се опишуваат проблемите со кои се соочуваат луѓето кога се обидуваат да работат заедно кон остварување на заеднички цели.
ЧР менаџерите токму со помош на знаците кои се опишани во книгата можат да идентификуваат дали имаат дисфункционален тим:
Кога тимот нема јасни цели, неговите членови постојано се грижат да не погрешат. Токму тој недостаток на јасност ги спречува да носат конечни и навремени одлуки што со текот на времето може да направи да се чуствуваат како да се одвоени од тимот и да стекнат недоверба кон останатите членови.
Членовите на дисфункционалниот тим вообичаено дотолку се плашат од потенцијалните конфликти што се подготвени да работат во некаков тип на вештачка хармонија, без да сфатат дека здравите конфликти се неопходни за креирање на одлични резултати.
Недостатокот на доверба води до појава и на недостаток на посветеност кон остварување на целите. Членовите кои не се посветени чувствуваат како никој да не го цени нивото мислење и заради тоа избегнуваат да се вклучат во одлуките. Недостатокот на посветеност понатаму креира уште поголем проблем на одложување на извршување на обврските.
Најголемиот знак дека тимот е дисфункционален е тоа што членовите на тимот ги ставаат своите лични потреби пред потребите на тимот. За нив, нивното его, личниот раст и развој и препознавањето на личните успеси се далеку поважни од успесите на тимот.
Кога тимот не се чувствува одговорно да ја заврши работата, најчесто не ги завршува работните обврски до крајните рокови и почесто се концентрира на обврските кои не се релевантни, затоа што немаат јасни цели.