Во морето од апликации кои ги добивате за даден оглас, важно е да ги препознаете оние најдобрите биографии многу брзо.
Најдобрите биографии се оние кои веднаш Ви го одземаат вниманието и Ве тераат да ги ставите во фолдерот „да“.
Таквите биографии лесно се проверуваат преку:
Форматот
Квалитетните кандидати се многу свесни дека CV-то е прв дел од тоа како се претставуваат себеси и знаат како да направат форматот на истото да изгледа организирано, читливо и јасно.
Името, презимето и контактот треба секогаш да бидат најгоре на CV-то.
Локацијата
Една од поглавните причини поради која одреден кандидат може да одбие позиција е поради местоположбата на компанијата. Затоа, важно е да ја земате предвид и локацијата .
Прашајте го кандидатот дали е подготвен да работи на адресата на која ви е сместена компанијата.
Последните две позиции
Најважно е што неодамна работел кандидатот и дали на позицијата на која работел се совпаѓа, горе долу, со она што вие го барате моментално.
Непрекинатост и долгогодишно работење
Добар знак е ако кандидатот нема прекини во работниот однос и ако не променил повеќе од 2 до 3 работни места во рокот од една година.
Образование
Проверете дали образованието соодветствува за позицијата за која ја барате. Образованието треба да биде јасно наведено во биографијата.
Внимание на детали
Нема потреба да ја читате целата биографија за да знаете дали истата е добра или не. Брзо „скенирање“ со очите може веднаш да Ви покаже дали одредена биографија е импресивна или не.