Вашиот пишан речник е посебно важен кога ја креирате вашата биографија и добро е да посветите посебно влијание на глаголите кои ги употребувате, односно вклучувате во CV-то.
Глаголите се тие кои буквално објаснуваат што сте направиле и важно е да ги одберете оние кои ќе имаат најголем ефект врз мислењето на регрутерот, односно на оној кој ќе ја чита вашата биографија и ќе одлучи дали да ве повика на интервју или не.
9 глаголи кои треба да се најдат во вашето CV:
Обично овој глагол потенцира не само на тоа дека успешно сте ги вршеле вашите работни задачи, туку може да укаже и на тоа дали сте ги вршеле навремено, организирано…
Во основа овој глагол има потенција да му покаже на регрутерот дека вие имате контрола над работите кои ги правите.
Работодавачите секогаш претпочитаат да вработат персонал кој „дава резултати“ за нив, односно кој знае дека е посветен на задачите кои му се доделени и дека крајниот резултат ќе значи поголем успех за компанијата.
Компаниите и бизнисите секогаш се во потрага по некој кој може да ја подобри нивната работа, односно по кандидат кој може да направи сериозни и големи подобрувања на организацијата.
Овој глагол може да биде сфатен како негативен, но доколку вашата работа се одвива со пари, односно со можна заштеда на компанијата и намалување на потрошувачката, тогаш може да има позитивно влијание.
Овој глагол е посебно важен ако аплицирате за позиција во продажба каде е доста важно вие да имате контрола над клиентите и потрошувачите.
Овој глагол дава до знаење дека ефикасно можете да поланирате и да ги проследувате тие планови до крај.
Без разлика на работното место, многу е важно да знае компанијата дека може да се потпре на вас, односно дека како вработен ќе нудите поддржка на клиентите, на другите вработени…
Овој глагол не само што покажува дека сте експерт во својата професија, туку и дека вашите знаења успешно можете да ги пренесете на другите вработени.
Секој бизнис се соочува со проблеми, а на вас е да знаете како истите да ги решите.