Без разлика на тоа колку се подготвувате за одредено интервју, не постои цврста гаранција дека кога ќе седнете на „жешкото столче“ нема да се најдете во незгодна ситуација.
Не зависи сè само од вас, туку и од другото лице кое ви го вршти интервруирањето.
Понекогаш може да се најдете во ситуација кога лицето кое ве интервјуира не е онакво какво сте очекувале да биде. Што е сосема нормално, бидејќи секоја личност е различна и секој регрутер има различен карактер.
Сите ние сме само луѓе…
А, ова се некои типови на лица кои ве интервјуираат кои можат да ве стават во незгодна ситуација:
Лице број 1: Робот
Личноста на другата страна ви поставува монотони прашања и чека додека не дадете одговор на истите, без да се потруди да го води и размрда разговорот.
Лице број 2: Срамежливко
Лицето едвај можете да го слушнете кога ви поставува прашања, нервозно е и се труди на секој можен начин да избегне контакт со очите. Мислите дека само вие можете да бидете преплашени?
Лице број 3: Шегаџија
Ваквиот тип на регрутер не се плаши да ги проба последните шеги кои ги слушнал и на вас. Знае дури да наведе и неколку непристојни шеги на кои нема да бидете сигурни дали треба да се насмеете или не и дали да ги сфатите како навреда или не.
Лице број 4: Хиперактивец
Ова лице ќе се однесува како бик кој чека пред врата. Ќе биде насекаде, нема да престане да ви поставува прашања дури и кога едвај сте стигнале да ги одговорите оние првите и за сето тоа време постојано ќе ве гледа во очи.
Лице број 5: Присилувач
Ова лице постојано ќе ве зјапа и навистина ќе ги отежнува работите за вас. Покрај него ќе се чувствувате како да сте пред истражен судија или детектив кој не се срами да постави непријатни и непристојни прашања.
Лице број 6: Најдобриот пријател
Ова лице ќе се однесува како да ви е најдобар пријател и поголемиот дел од интервјуто ќе го помине во поставување на неважни прашања кои воопшто не се поврзани со вашите вештини и компетенции.
Лице број 7: Избрзувач
Ќе имате чувство како ова лице да има илјада обврски и како времето да му е премогу скапоцено за комплетно да се посвети на вас. Прашањата ќе ги поставува молскавично и ќе очекува уште помолскавично да одговорите.
Лице број 8: Ураган
Ова е најнеорганизираната личност која ќе ја сретнете. Нема идеја каде оди, која е неговата улога и воопшто што треба да ве прашува. Најверојатно ќе има и по некоја дамка од кафе на кошулата.
Лице број 9: Намуртенко
Во овој случај ќе се најдете пред личност која ќе изгледа како да ви се лути за сè и ќе има кисел поглед. Ќе направи да се чувствувате како да ѝ пречите со своето постоење и ќе гледате што е можно побрзо да си заминете од просторот.