За повеќето од нас, барањето на работа не е лесно, без разлика дали тоа е вашиот прв или петти пат во потрага по нова работа.
Ако се чувствувате преоптоварени или не знаете од каде да почнете – не грижете се.
Барањето за работа е уметност и наука, онаа која бара време, планирање и подготовка. Вистина е дека барањето на работа може да биде исцрпувачко и застрашувачко искуство, меѓутоа ако му пристапите систематски, процесот ќе биде значително полесен и ќе имате многу повеќе успех во добивањето на понудата што ја заслужувате.
Еве како да го направите тоа:
Вашата биографија треба да бите форматирана на тој начин што ќе може брзо да се прочита. На регрутерот доволно му се само 10 секунди да го види вашето CV и да открие од него дали ќе ве повика на интервју или не.
Во самата биографија употребувајте броеви за да ги квантифицирате вашите импресивни резултати како што се „зголемена продажба за 83 проценти“ и вклучете клучни зборови кои се соодветни за огласот за кој аплицирате.
Ограничете ги вашите контакт информации на само една e-mail адреса, еден телефонски број и URL адреса од вашиот LinkedIn или Facebook профил.
Во текот на изминатите пет години, стана неопходна употребата на LinkedIn за пронаоѓање работа.
Имајќи добар LinkedIn профил можеби е повеќе важно од тоа да се има добра биографија. Сепак, премногу кандидати за работа не успеваат целосно да ја искористат оваа алатка, особено постарите лица кои бараат работа.
Секогаш имајте предвид дека, личните веб страници, присуството на социјалните мрежи и личното брендирање се неопходни услови за стекнување на вниманието на потенцијалните работодавачи.
Регрутирањето е процес кој што се одвива долго, со многу чекори, одложувања и време помеѓу луѓето кои аплцираат за работа и луѓето кои добиваат понуди.
Тоа им помага да му пристапите на пребарувањето како да сте во продажба: продолжете да ја градите вашата мрежа и очекувајте да слушнете НЕ.