Сакате регрутерот веднаш да се посомнева околу тоа дали треба да ве вработи или не? Дојдете на интервју, поздравете се сосема накратко, избегнувајте контакт со очите и „пукајте“ си ги прстите пред секое прашање.
Токму така, за тоа дали регрутерот ќе одлучи да ве стави во листата на потесен круг на кандидати, не одлучува само тоа како сте облечени, туку и што кажувате со телото.
Неколку совети како со говорот на телото да го привлечете вниманието на регрутерот:
Пред интервјуто
Подгответе се и пред самото интервју. Додека чекате да ве повикаат на жешкото столче, внимавајте на начинот на кој седите и на ставот. Бидете исправени и гледајте вашата брада да биде паралелна со подот.
Додека седите, бидете сигурни вашата чанта да биде на вашата лева страна за да избегнете непријанти моменти додека се поздравувате со интервјуерите и потенцијалните нови колеги.
Ракувањето
Истражувањата покажуваат дека ракувањето игра голема улога при изборот на кандидат за одредена позиција. Истото не треба да биде ниту пресилно (доволно силно да „искршите коски“), ниту премногу лабаво.
Погрижете се додека се поздравувате, лицето на другата страна да го гледате директно во очи и да бидете насмевнати.
За време на интервјуто
Неколку кратки брзи совети: Седнете исправени, не ги прекрстувајте нозете и избегнете ги лошите навики. Кога зборуваме за лоши навики мислиме на тресење на нозе, грицкање на нокти и сл.
Наспроти тоа, пожелно е цело време да ги употребувате вашите раце додека зборувате и регрутерот постојано да го гледате во очи.