Се издвоивте од толпата и ве повикаа на интервју благодарение на вашето CV? Следи моментот кога треба да ги импресионирате лицата кои ќе ве интервјуираат.
Без оглед на тоа колку сте сигурни во себе и конечно имате можност да ја добиете работата од соништата, добро е однапред да се подготвите за моментот на застанување пред едно или неколку лица кои ќе ви поставуваат разно разни прашања.
Речиси никој не заборава да го постави прашањето: „Каде се гледате себеси за 5/10/15 години?“. Зошто да чекате да ви дојде идеја за одговарање пред самите интервјуери? Подгответе се однапред. Изгответе одговор со кој сметате дека ќе се покажете во најдобро светло.
Убаво е однапред да подготвите и сертификати, препораки и други документи кои сметате дека можете да ги покажете на интервјуерите. Регрутерите сакаат пред себе да гледаат личности кои се однапред подготвени за речиси секакви ситуации кои можат да се случат за време на интервјуто.
На секого може да му се случи да погреши, а тоа може да ви помогне вам подобро да се истакнете пред лицето кое ве интервјуира.
„Колкава ми е можноста да напредувам?“, „Како ќе мерите колку сум успешен/на во извршувањето на работните обврски?“, „Кои вештини ќе ми бидат најмногу потребни за позицијата?“… Сите овие прашања покажуваат дека сте амбициозни и подготвени да успеете.