Просечниот работник во главно прави околу 14-ина интервјуа за секоја работа, што очигледно покажува дека било кој кандидатмора да се потруди да се прикаже во подобро светло за да се најде пред другите на листата.
Едно истражување открива дека дури 88% од професионалците за човечки ресурси почесто вработуваат кандидати кои ги прикажуваат своите достигнувања во портфолио.
Па, како да направите одлично онлајн портфолио?
Велат: „Една слика, илјада зборови“. Затоа погрижете се вашето портфолио да биде прикажано на што е можно повизуелен начин.
Блогот е одличен начин да го прикажете вашето исксутво од резимето. Редовните блогови покажуваат дека сте посветени и страсни за работата за која сте ангажирани.
Вашиот вебсајт е токму тоа – ваш личен вебсајт. Затоа погрижете се секој дел од портфолиото комплетно да се усогласува со вашата личност, односно со вашиот карактер.
Едноставноста е клучна. Работодавачите немаат многу време за да ве разберат, туку посветуваат неколку минути да го откријат она што навистина ги интересира. Затоа, држете се до едноставните информации.